Македонија
МОН распиша конкурс за стипендии на постдипломски студии
Министерството за образование и наука распиша конкурс за доделување на стипендии за студентите на постдипломските студии на универзитетите во Македонија.
Министерството за образование и наука распиша конкурс за доделување на стипендии за студентите на постдипломските студии на универзитетите во Македонија.
Стипендиите ќе бидат во износ од 4.500 денари и ќе се исплаќаат 12 месеци во годината. За ова од буџетот за 2010 година одвоени се 10 милиони денари.
Студентите треба да имаат завршено прв циклус на студии со просечна оценка од 8,5 да се запишани на постдипломски и да се запишани првпат во втора година во академската 2009/2010 година, како и да имаат освоено две третини од предвидените кредити.
„Оваа година за првпат доделувањето на стипендиите ќе биде скоро три пати повеќе за природно-математичките и техничко-технолошките науки отколку општествените науки“ рече министерот за образование Никола Тодоров.Средношколците и студентите стипендиите би требало да ги добијат идната недела.
„Стипендиите за средношколците се потпишани од моја страна минатата недела и се испратени до министерство за финансии. Верувам дека во текот на идната недела ќе ги добијат парите“ изјави Тодоров.
Околу проблемот на учениците од основно училиште „Бајрам Шабани“, кое изгоре пред неколку дена, па 400 ученици не одат на настава министерот Тодоров вели дека ќе се потрудат да оспособат дел од училиштето за настава.
„Ќе одвоиме одредени средства од буџетот на министерството за образование за брзо реновирање на училиштето и ќе се потрудиме да оспособиме дел од училиштето за да може наставата да се одвива непрекинато. Исто така го замолив и Министерот за одбрана да се обиде доколку има одредени училници – контејнери да ни ги стави на располагање за да може привремено да се одвива наставата“ изјави Тодоров.
За оваа цел ќе бидат издвоени 1.500.000 денари. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.
Македонија
Министерство за здравство: Активиран модул за изразување интерес за соработка на лекари од странство
Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на МЗ од денес е активиран електронски модул на кој лекарите кои моментално работат или специјализираат во странство може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем.
-Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со цел полесно мапирање профили и експертизи кои може да придонесат во нашиот здравствен систем. Меѓусебната соработка со овие лекари е предвидено да опфати обуки, едукации, менторство, консултации или проектна поддршка, како и други стручни ангажмани. Во оваа прилика ги повикувам да се пријават нашите лекари кои работат во странски медицински центри, лекари кои се на специјализација или супспецијализација во странство, или лекари кои се ангажирани во странски академски и научно-истражувачки установи, потенцира министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето се врши исклучиво преку електронскиот модул на веб-страницата на Министерството за здравство, по што Министерството ќе ги контактира лекарите за конкретна соработка што одговара на нивниот профил.
Во електронскиот модул насловен „Лекари од дијаспората“ предвидено е лекарите да пополнат повеќе лични и професионални податоци, детали за клучните области на експертиза, лиценци, сертификати, листа на публикации, како и сегменти на соработка за кои изразуваат интерес.

