Македонија
Бучковски: ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се инаети за законот за пушење
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето не беше дел од денешните комисиските расправи во Собранието поради неприсуството на предлагачите.
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето не беше дел од денешните комисиските расправи во Собранието поради неприсуството на предлагачите.
„Денешната комисиска расправа покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сака да се инаети со законот за забрана за пушењето“, изјави пратеникот од СДСМ, Владо Бучковски.
Тој рече дека Владата одбила да врши законски измени во овој момент, но според него на денешната комисиска расправа требало да се појави Влатко Ѓорчев и опозицијата и власта да се соочат со аргументи.
„Влатко Ѓорче од оправдани причини не присуствуваше, разбирам дека пет дена ја слави приновата, но тоа не значи дека другите пратеници не можат да седнат на маса со нас и да се договориме за решение кое ќе биде применливо“, истакна Бучковски.
Според него ваквото, како што рече, инаетење на ВМРО-ДПМНЕ за либерализација на законот за пушење без аргументи. ќе има и економски и социолошки последици, а со тоа се покажува дека не функционира правната држава.
„Сведоци сме дека овој закон ја подели Македонија и ова е закон што ги дискриминира пушачите“, истакна Бучковски.
Опозиционерот Бучковски апелираше да го погледнат моделот што го предлагаат бидејќи тој може да функционира.
Според опозицијата најдобро решение е да има локали и за пушачи и непушачи. Најадекватно решение е со добра вентилација на едно исто место да бидат и пушачи и непушачи.
„Во која држава има таков закон каков што е сегашниот закон за пушењето во Македонија, која претендира да биде тутунска нација и да одвојува над 10 милиони евра субвенции за тутунарите и притоа да се фали дека тоа е жолтото злато. На овој начин посредно тутунопроизводителите се ускратени за 10 отсто од приходите кои ги добиваат од секоја продадена цигара“, подвлече Бучковски.
Тој додаде дека најдобро е опозицијата и власта да се обединат околу овој предлог закон и да донесат решение прифатливо за сите. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи. Тој кажа дека се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи.
„Не прекин, не црна листа, туку пауза, ќе напоменам за постапки за иселенички визи“, рече Муцунски.
Министерот појасни дека не е загрозено издавањето туристички визи, студентски визи како и визи во рамки на програмата „Ворк енд травел“.
„Ова не влијае на сите други постапки за издавање на визи за САД. Доколку сте стопанственик, слободно ќе можете да аплицирате за виза, доколку сте студент кој што сака да студира во САД или да оди на ‘Ворк енд травел’ ова значи дека нема никаква пречка за вас. Доколку сакате туристички да патувате, Светското првенство во фудбал ќе се одржи во САД, исто така, ќе може да патувате туристички“, рече Муцунски.
Тој порача дека јавноста во следните шест месеци дополнително позитивно ќе се изненади од тоа што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава, односно, како што рече, да почнеме да затвораме прашања кои што 20 години се обидуваме да ги затвориме.
Македонија
Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307 досега
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.
Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307.
Налогот е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.
Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното приредување игри на среќа на интернет, со цел заштита на граѓаните и безбедност во дигиталниот простор.
Македонија
Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари, инвестираме во нова градинка во Центар
Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.
„Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски.
Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на општината.
Покрај директната финансиска поддршка, мерката овозможува и прецизна евиденција на бројот на новородени деца на годишно ниво, што претставува основа за следење на демографските движења во општината. Овие податоци се користат и за поефикасно планирање на капацитетите во детските градинки во Центар.
Дополнително, предвидени се капитални средства за изградба на нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар, со капацитет за згрижување на околу 100 деца.
Во рамки на социјалните мерки, Општина Центар ја зголеми и еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања, од 2.500 на 5.000 денари.
Истовремено, во тек се подготовки за изградба на дом за стари лица на територијата на Општина Центар.
Фото: Depositphotos

