Македонија
Нов протест против проектот „Скопје 2014“
Невладините организации “Плоштад Слобода” и “Разбуди Се” најавија уште еден протест против проектот „Скопје 2014“.
Невладините организации “Плоштад Слобода” и “Разбуди Се” најавија уште еден протест против проектот „Скопје 2014“.
Мотото на протестот кој ќе се одржи денеска во 12 часот на Плоштадот Македонија (кај Камениот Мост) е „Ѕидови и тоалетна хартија – Mure & Leter Tualeti“.
Организаторите ги повикаа учесниците на протестот да си понесат со себе по една ролна тоалетна хартија, за како што велат,„заедно во исто време да ја фрлат кон дивоградбата каде ги копаат фекалиите за да градат антички и барокни грдосии.“
Двете здруженија потсетуваат дека немаат намера да отстапат од нивните барања за демократија, соживот, разбирање, современа архитектура и урбани политики. /крај/ко/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

