Македонија
Марко Чаласан ќе издаде книга за „Windows 7“
Марко Чаласан денеска најави дека ќе издаде книга за „Windows 7“ и треба да биде готова за дваесетина дена.
Марко Чаласан денеска најави дека ќе издаде книга за „Windows 7“ и треба да биде готова за дваесетина дена.
„Ова ќе биде прва моја книга, а се работи за инструкции за инсталирање на „Windows 7“ и ќе биде поедноставна за да може да ја разберат и деца“, изјави најмладиот компјутерски инженер, Марко Чаласан кој има само девет години.
Тој откри дека книгата ќе има и продолжение но, ќе биде со постручни изрази и со потешка содржина, наменета за стручни лица.
Марко досега има добиено четири сертификати од „Microsoft“, кои ги полагаше во Словенија. Последниот што го положи на 28 декември 2009 година, ќе му биде врачен во САД токму на роденденот на Марко на 24 јули кога ќе наполни 10 години.
Неговата мајка Радица Чаласан рече дека тоа треба да биде изненадување за неговиот роденден./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

