Македонија
Вељановски да собере храброст да закаже итна седница за „Скопје 2014“
Опозицијата и денеска од Претседателот на Собранието Трајко Вељановски побара да свика итна седница на која ќе се расправа за проектот „Скопје 2014“.
Опозицијата и денеска од Претседателот на Собранието Трајко Вељановски побара да свика итна седница на која ќе се расправа за проектот „Скопје 2014“.
„Вељановски да собере храброст да ја закаже итната седница, бидејќи Владата никогаш нема да врати мислење затоа што сака да ги задуши сите поинакви мислења од нејзиното“, рече Цветанка Иванова од СДСМ.
Претседателот на Собранието Вељановски пак одговори дека мора да постои материјал за да може да се дебатира.
Тој рече дека има сознанија дека Владата веќе подготвува информација.
Од ЛДП пак сметаат дека Владата намерно не ја доставува информацијата само за да успее во својата стратегија.
Опозицијата бара собраниска расправа затоа што велат дека парите кои се користат за проектот (200 милиони евра) се дел од буџетот, а не од Општина Центар и затоа според нив за проектот треба да расправа законодавниот дом./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.