Македонија
Затворени 64 фирми поради непријавени работници

Државниот инспекторат за труд во декември минатата година затвори 64 фирми поради непријавени работници.
Државниот инспекторат за труд во декември минатата година затвори 64 фирми поради непријавени работници.
Контролирани биле вкупно 5006 фирми од областа на работните односи и од областа на безбедноста и здравјето при работа.
Од вкупно 3182 инспекциски надзори од областа на работните односи, минатиот месец биле затекнати 144 непријавени работници. Поднесени се 109 барања за поведување на прекршочна постапка.
Државните инспектори од областа на безбедноста и здравјето при работа во декември извршиле вкупно 1824 надзори. При тоа донесени се 401 решенија за отстранување на утврдени 1334 недостатоци и шест забрани за работа.
Поднесени се 43 барања за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за инспекција а трудот. Поднесени се три барања за поведување на кривична постапка. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: Го затворивме отпадот на ДУИ, на 19 октомври ќе ги уништиме и неговите фосили

Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново, информираат од „Вреди“.
„Оваа одлука, беше овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го претворија проблемот занемарен од ДУИ во државен приоритет.
Овој чин не е само затворање на депонија, туку затворање на ерата на срам и неодговорност. ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб. Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосили на ДУИ“.
Од Вреди нагласуваат дека Липково, Арачиново и секоја албанска општина повеќе нема да бидат, како што велат, гробишта од ѓубре на ДУИ, ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство.
Македонија
Синоќа повторно предизвикан пожар во „Дрисла“

Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
„На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму со тоа што брзо пристигнаа нивните возачи“.
Еден час подоцна, појаснува Ангелов, пожарот бил изгаснат и затрупан со што како што нагласува, е спречено ширење на огнот во главнината на депонијата.
Македонија
„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.
Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“.
Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организираа и во други градови.