Македонија
НВО „Деница“ бара уште една црква на Плоштадот
Невладиниот форум „Деница“ денеска побара од градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ на местото каде што треба да се гради хотел и градска куќа, односно на местото на кое порано беше изграден Офицерски дом да биде изградена црквата „Свети Никола“.
Невладиниот форум „Деница“ денеска побара од градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ на местото каде што треба да се гради хотел и градска куќа, односно на местото на кое порано беше изграден Офицерски дом да биде изградена црквата „Свети Никола“.
„Бараме од градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ и од советниците да го избришат хотелот и градската куќа која треба да се гради и на ова место да предвидат да биде изградена црква, зашто од дамнина овде имало црква“, вели Милан Зафировски од „Деница“.
„Таква црква овде имало уште пред пет века. Тоа е свето место за христијаните кои отсекогаш живееле овде“, додава Зафировски.
Од „Деница “ сметаат дека на плоштадот треба да има две цркви, бидејќи мнозинското население во Центар е христијанско.
„Кога Османлиите дошле во Скопје ја урнале таа црква. Тие тогаш ниту го прашале народот кој живеел тука дали сака да се сруши, ниту пак го прашале народот дали тука на местото на срушената црква треба да се изгради џамија како што и направиле“, објаснија од невладиниот форум.
Невладината „Деница“ поднесоа иницијатива за изградба на црквата „Свети Никола“ во септември минатата година.
Медиумите по поднесувањето на иницијативата ја бараа организацијата за да исконтактираат, но не наидоа на невладина организација регистрирана под ова име. Претставниците од „Деница“ ни кажаа дека се регистрирани како невладин форум и дека оваа организација постои веќе две години./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците
Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта, како што наведуваат, е спречување на нерегуларности во работењето и поголема заштита на гостите.
Од инспекторатот апелираат угостителите совесно да ги почитуваат законските обврски, особено одредбите за дозволениот број гости, работното време, законот за заштита од пушење и сите други регулативи што се однесуваат на нивната дејност.
Инспекторатот најавува соодветни мерки и санкции за сите кои нема да ги почитуваат законските правила.
Граѓаните се повикуваат сите неправилности да ги пријават на телефонскиот број 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk.
.
Македонија
Град Скопје го отвори процесот за буџетот 2026: Граѓаните, организациите и бизнис заедницата поканети да дадат предлози
Град Скопје годинава го започна процесот на креирање на буџетот за 2026 година со, како што наведува, целосна транспарентност, отчетност и широка вклученост на јавноста. Од градската администрација истакнуваат дека имаат јасна определба да ја вратат довербата во институциите, па буџетот ќе се изработува преку отворен и партнерски пристап во кој секој граѓанин, организација или заедница може да даде свој придонес.
„Буџетот не е само финансиски документ, туку стратегија изградена врз реалните потреби и визијата за развој на градот“, наведуваат од Градот.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во изјава порачува дека процесот за првпат се отвора кон граѓаните, невладиниот сектор и бизнис заедницата, со цел активно да се вклучат во планирањето.
„Транспарентноста и отчетноста отсекогаш биле моја водилка. Оваа година го отвораме планирањето на буџетот за 2026 заедно со вас. Вашите потреби и идеи ќе бидат основата врз која ќе го градиме овој важен документ“, изјави Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека веќе биле собрани голем број конструктивни предлози од граѓаните, но процесот останува отворен и сите се повикани да учествуваат.
Во новиот буџет ќе бидат опфатени приоритетни капитални проекти во инфраструктурата, културата, спортот и животната средина, со цел да се подобри квалитетот на живеење во Скопје.
Сите идеи и предлози граѓаните можат да ги испратат на: [email protected]. Во пораката Ѓорѓиевски додава: „Скопје ќе биде повторно горд град“.
Македонија
Mузичари од БиХ настапувале во локал во Кичево без работна дозвола, поднесена прекршочна пријава
При засилена акциска контрола спроведена на 29 и 30 ноември од полицијата во Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад, во координација со Пазарниот и Трудовиот инспекторат, во угостителски објекти во Кичево биле затекнати музичари од Босна и Херцеговина кои работеле без соодветна дозвола, соопшти МВР.
Во угостителски објект на магистралниот пат Кичево–Охрид биле затекнати пејачката Џ.Р. (23) и членовите на бендот К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите од Босна и Херцеговина. Тие настапувале без претходно обезбедена работна дозвола, соопшти МВР.
Против нив е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд Кичево.

