Контакт

Македонија

Делегација на Меѓународната Паневропска Унија во посета на Македонија

Објавено пред

Висока делегација на Меѓународната Паневропска Унија, предводена од претседателот на Паневропската Унија на Нирнберг и член на Паневропската Унија на Германија, Мартин Кеслер денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Висока делегација на Меѓународната Паневропска Унија, предводена од претседателот на Паневропската Унија на Нирнберг и член на Паневропската Унија на Германија, Мартин Кеслер денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.Домаќин на оваа посета ќе биде градоначалникот на Општина Кисела Вода Марјан Ѓорчев кој е истовремено и претседател на Паневропската Унија на Македонија.Делегацијата ќе биде примена  и од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и Претседавачот со Советот на Град Скопје Ирена Мишева.Целта на посетата на претставниците на Меѓународната Паневропска Унија е да се потпише Меморандум за соработка помеѓу Градот Скопје и Нирнберг, кои се воедно и збратимени градови.На работните средби ќе се разговара за пренесување на најдобрите практики во поглед развојот на локалната самоуправа, но и за можноста за поврзување на единиците на локална самоуправа од Република Македонија со единиците на локална самоуправа од Европските земји./крај/иа



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

Објавено пред

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?

СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува. Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното обвинителство отворило предистражна постапка, но тука застанал целиот процес и предметот се ставил во фиока.

Во случајот биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.

Македонската јавност заслужува да знае, дали овој случај се држи во фиока затоа што се крие и штити некој од СДС и ДУИ, и дали со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста?

Исто така, јавноста заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или пак да ги штити неговите наредбодавци од СДС и ДУИ, па затоа во изминатата година дена не е поведена ниедна постапка за нивни поранешни функционери.

Коцевски и ЈО да си ги оправдаат платите кои им ги даваат граѓаните и да се фатат за работа за да ги истражат сите криминални дејствија и да донесат правда, доста држат кријат во фиоки предмети за да заштитат од кривична одговорност лица блиски до СДС и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Два активни пожари во државата, два се под контрола, а 29 се изгаснати

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола, а 29 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Активни се пожарите во општина Липково – село Никуштак (гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума) и во општина Студеничани – село Варвара и село Драчевица (гори мешана шума и ниска вегетација).

Како што информираше ЦУК под контрола се пожарите во општина Берово – Дрџински рид, м.в. Стојковото, село Русиново (дабова и букова шума и папрат) и во општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).

Изгаснати се 29 пожари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Два активни пожари во државата, два се под контрола, а 29 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија52 минути

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушкуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион3 часа

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет3 часа

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет4 часа

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа4 часа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека „подготвува напад врз Русија“

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет10 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет11 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа15 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија15 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет16 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија17 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ20 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија21 час

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија21 час

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија22 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија22 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Македонија1 ден

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...