Македонија
Градежниците побараа зголемување на инвестициите во инфраструктурата
Претставниците на стопанските комори и градежните компании во Македонија од владата побараа повеќе инвестиции во инфраструктурата, на денешниот работен појадок со Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.
Претставниците на стопанските комори и градежните компании во Македонија од владата побараа повеќе инвестиции во инфраструктурата, на денешниот работен појадок со Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски.„Инфраструктурата е клучен сегмент за странските инвеститори да дојдат во земјата како и за локалните претпријатија да се развиваат, бидејќи ако има лоша инфраструктура во една земја нема да има добро развиена економија,“ изјави Сеад Кочан, претседател на Градежната комора на Македонија.Градежниците изразија задоволство од досегашните напори на владата за зголемување на инвестициите во градежништвото но побараа посебен третман кон домашните компании.„Ги поздравуваме преземените чекори на владата но истовремено и ја замолуваме во иднина, да има посебен третман спрема домашните компании и тие да имаат барем блага предност од странските, поради тоа што парите ќе останат тука,“ рече Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија.Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истана дека го радува фактот што и покрај тоа што во 2009 година светот се соочи со економска криза, градежништвото во Република Македонија бележи пораст.
Според официјалните податоци на Заводот за статистика за 2009 година градежништвото во првиот квартал бележи пораст од 9,2 проценти во споредба со истиот период од претходната година, во вториот квартал 14,4 проценти, а во третиот квартал од 7,5 проценти пораст, што покажува дека градежништвото и покрај сите проблеми на останатиот дел од македонската економија бележи добри резултати, рече Јанакиески.Стопанствениците го поздравија субвенционирањето кое го направи Владата со новите градежни проекти, бидејќи според нив тоа му овозможило на градежниот сектор во Македонија значително да го зголеми својот раст во однос на земјите во регионот./крај/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

