Македонија
Груевски: Уставниот суд донесе различни одлуки за исто прашање
Кои биле мотивите на Уставниот суд, за една иста одредба од Законот за здравствено осигурување, во период од само шест месеци да донесе две контрадикторни одлуки.
Кои биле мотивите на Уставниот суд, за една иста одредба од Законот за здравствено осигурување, во период од само шест месеци да донесе две контрадикторни одлуки.
Вакво прашање во сабота на прес конференција, одржана во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, упати лидерот на партијата Никола Груевски до уставните судии.
Имено како што тврди Груевски, на 10 јуни 2009 година Уставниот суд носи решение со кое не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 10 став 1 точка 8 од Законот за здравствено осигурување.
После 6 месеци од претходното решение судот донел одлука за укинување на истиот оспорен член 10 став 1 точка 8 од Законот за здравствено осигурување.
„Дали зборуваме за принципиелно одлучување на Уставниот суд или се работи за нешто друго? Дали ова покажува дека во работењето на Уставниот суд свое влијание имаат некои други фактори, покрај Уставот и законите“ прашува Груевски. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

