Македонија
Јанакиески: Охридското Eзеро е стабилно, будно ја следиме состојбата
Нивото на Охридското Езеро е стабилно изјави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска, при посетата на туристичката населба Пештани.
Нивото на Охридското Езеро е стабилно изјави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска, при посетата на туристичката населба Пештани.
Тој истакна дека ситуацијата со поплавите во охридско е под контрола и дека службите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, се на терен, секаде каде што има потреба.
„Во моментов од Охридското Езеро во Црн Дрим се испуштаат 53 метри кубни вода во секунда и тоа е максималното количество кое што може да се испушти, затоа што доколку се испушти поголемо количество на вода постои опасност да се поплави патот од Струга до Дебар, кај месноста Луково“,-рече Јанакиески.
Тој објасни дека патниот правец од Охрид до Св. Наум е безбеден и дека возилата слободно може да се движат по него.
„Контрола на овој патен правец покрај претставници на државните надлежни служби, изврашија и професори од Градежниот факултет од Скопје. Тие потврдија дека патот Охрид-Св. Наум е стабилен и дека сообраќајот по него може да се движи безбедно. Кога ќе се повлече водата ќе направиме дополнителна анализа и доколку се предвиди дека треба да се превземат било какви градежни работи ќе ги превземеме“, нагласи Јанакиески.
Тој побара од локалните власти да не даваат панични изјави за моментната состојба со Охридското Езеро и дека истите треба да превземат конкретни мерки, кои се во нивна надлежност, за да целата ситуација се држи под контрола. /крај/охридњуз/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови
Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола, Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била 57 сантиметри на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 Берово, Штип, 16 Прилеп, 14 Демир Капија, 10 Претор, 9 Скопје – Петровец, 5 Охрид, 4 Струмица, Крива Паланка.
Времето денеска
Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.
Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.