Македонија
Понеделнички најзагадено во Лисиче

Во понеделник наутро, според мерењата на Министерството за животна средина од скопските општини најзагадено е во Лисиче со измерени 167,71 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, следи Карпош со 154,39, Ректорат 152,76, Центар 143,81, Гази Баба 138,31 и Миладиновци 135,59 микрограми.
На мерните станици низ земјава најзагадено според мерењата утрово е во Битола со 94,07, Тетово 92,60, Куманово 80,09, Велес 75,82, Кичево 71,32, Кавадарци 70,84 и Кочани 60,67 микрограми.
Во изминатите 24 часа највисоките измерени концентрации на ПМ 10 честичките се движеле од 660,14 во Куманово, 535 во Лисиче, 472 кај Ректорат, 370 во Битола, 348 во Гази Баба, 345 Тетово, 341 во Карпош, Кавадарци 287,52, Миладиновци 258, Велес 236,75, Кичево 223,24, Кочани 215,13, Центар 193 микрограми.
Во текот на викендот највоските концентрации се измерени во Гази Баба кои достигнале 959,99 микграограми на метар кубен./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако неговиот против кандидат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО -ДПМНЕ кажа дека Мециновиќ во првиот круг имал поддршка од ДУИ, а со повикот за поддршка од СДСМ, нивната коалиција станала јавна.
„Денеска мојот противкандидат зборува за тоа од каде ми доаѓале или ќе ми дојдат гласовите и почнува да зборува за некоја теорија на заговор“, вели Мециновиќ.
„Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“, ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје и ќе продолжиме да се среќаваме со скопјани. Затоа што скопјани се охрабрени и во се поголем број ќе излезат во вториот круг. Овој контингент кој го создадовме само ќе расте“, додава тој.
Македонија
„Подадена рака“: Димитриевски добива поддршка од „Вреди“ за вториот круг од локалните избори во Куманово

Подадена рака. Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, Организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски, објави на социјалните мрежи лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.
„Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово.
Благодарам на сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија.
Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши Кумановчани“, пишува Димитриевски.
Македонија
Кандидатите за градоначалници на Скопје се договорија: ТВ дебата во вторник

Кандидатот на партијата Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку социјалните мрежи извести дека прифаќа дебата со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
„Дебата во вторник на Канал 5, па да си дочекаме уште повеќе дебати. Јас и мојот противкандидат во овој круг означуваме потенцијална промена на политичките генерации во Македонија, релативно млад дуел за Скопје. Затоа, следниот вторник на дебата ќе може да се заклучи кој претставува нова визија, a кој ја влече деструктивната политика на минатото во иднината“, напиша Мециновиќ на Фејсбук.
Претходно, тој го повика Ѓорѓиевски на дуел под отворено небо на Школка во Градскиот парк.