Македонија
Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев
Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање. Се одржале неколку неформални, како што велат, пријателски средби, но тука немало никави договори и преговори за влез во Владата.
Повторија дека ќе чакаат ДУИ да ги завршат преговорите, па кога ќе добијат покана за средба, тие ќе настапат.
„Иако сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори сè додека ДУИ не го исполнува предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што сме кажале, ако во Собранието на Република Северна Македонија доаѓа предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за него. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција. Или Насер Зибери премиер или одете во опзиција“, рече Скендер Зејд Реџетпи од Алтернативата, во името на коалцијата.
Како што велат од оваа колација, ДУИ треба да си остане на зборот и премиерот Албанец да има мандат од 4 години, како што ветиле на изборите, а не ротирачки модел со учество од една или две години затоа што, според нив, тоа е манипулација со гласачкото тело.
На прашањето дали и тие ќе бараат премиер Албанец, велат дека тоа прашање не било дел од нивната платформа.
„Доколку добиеме покана за преговори, ние ќе ги изнесеме нашите барања, а тие се содржани во нашата предизборна платформа. Ние со нашата програма, која сакаме да биде дел од програмата на идната влада, бараме подобар живот и оставарување на уставните права на Албанците. Барањето за премиер Албанец беше прелог на ДУИ, која, впрочем, нема програма, туку единстевно тоа го понуди“, рече Реџепи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.
Македонија
Најмногу дожд во изминатото деноноќие падна во Пожаране и Попова Шапка
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани и Скопје-Зајчев Рид 6, во Ѓуриште, Пожар-Радовиш 5, во Прилеп, Велес, Скопје-Петровец 4 и во Штип и Кавадарци еден литар на метар квадратен.
До вторник синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Денеска наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), проследени со засилен ветер и појава на ретки грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Македонија
Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни
Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие заради користољубие грубо ги злоупотребувале и ги изложиле на непотребни маки кучињата.
Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување.
Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата пит бул, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок.
Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани.
Доколку двајцата странски државјани кои се во бегство од моментот на сторување на делото, не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи нив да им се суди во отсуство.

