Македонија
Адеми: Успешно реализираните ИПА проекти ги зајакнуват националните капацитети
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми во среда присуствуваше на завршниот настан на ИПА проектот “Зајакнување на капацитети за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво”.
„Одржливиот раст и заштитата на животната средина е една од оние теми кои предизвикуваат голем интерес на светско ниво, а се и меѓу клучните приоритети на Европската Унија. За тоа верувам дека успешната реализација на овој ИПА проект овозможи дополнително зајакнување на националните капацитети во земјата, а со тоа и за процесот на пристапување“, истакна вицепремиерот Адеми во своето обраќање. Тој изрази увереност дека резултатите од овој проект ќе придонесат за значително подобрување во секторот на животната средина, а ќе има влијание и во подобрувањето на системите за транспонирање и спроведување на директивите за животна средина особено ако се има предвид комплексноста на ова поглавје. Проектот се имплементираше во текот на 18 месеци при што главен корисник беше Министерството за животна средина и просторно планирање, како и 48 општини во Република Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Според Обвинителството, предметот опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на околу 500 милиони денари, односно над осум милиони евра.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

