Македонија
Агрон Буџаку назначен за директор на Центарот за управување со кризи

Поранешниот македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи.
Одлуката била донесена на владина седница одржана во петокот. Буџаку доаѓа на местото на неговата сопартијка од ДУИ, досегашната директорка Сузана Салиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата на заменик-народен правобранител.Буџаку беше и првиот директор на Центарот за управување со кризи кога се формираше во 2005 година, но по девет месеци извршување на функцијата беше избран за пратеник. Од 2009 година до декември минатата година Буџаку беше македонски амбасадор во Франција, кога му заврши мандатот и се врати во Македонија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Каролина Гочева: Уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…многу ќе ми фалиш Сарке моја

„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…“, напиша Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон… многу ќе ми фалиш Сарке моја“, додаде пејачката.
Сара Пројковска вонредна професорка на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани.
Македонија
Екс министерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош.
Разговорот следи по информациите дека државна секретарка во министерството за економија додека тој бил министер ставила потпис на фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани која изгоре.
Македонија
Уште еден загинат од екипата на „ДНК“: познатите се збогуваат со Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс

Трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе уште еден живот – почина Мартин Атанасовски, познат како Буцо Битбокс.
Тој беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија и честопати настапуваше со дуото „ДНК“.