Македонија
Акредитирани 300 домашни и 81 странски набљудувач за изборите
Државната изборна комисија (ДИК) досега има акредитирано 300 домашни и 81 странски набљудувач за предвремените парламентарни избори на 11 декември. На 6 декември завршува рокот за пријавување за набљудување на изборите според Роковникот на ДИК.
Според информацијата од веб-страницата на ДИК, засега најмногу домашни набљудувачи – 144 има акредитирано Здружението Национален ромски центар (НРЦ) – Куманово, Македонскиот центар за култура и развој 50 набљудувачи, Цивил – Центар за слобода – 46, Центарот за разбирање и институционална соработка – ЦРИС – 45 и НВО Мост – 15 набљудувачи.
Мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР има 34 акредитирани монитори и 30 преведувачи, Советот за јавна дипломатија на Каталонија – Диплокат 15 набљудувачи и шест преведувачи, Комисијата за изборни жалби и приговори на Република Косово 10, Државната изборна комисија на Република Кореа – седум набљудувачи, Амбасадата на Република Словачка пет набљудувачи, Меѓународна соработка Југ Југ – тројца, Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС – Канцеларија во Република Македонија, Амбасадата на Швајцарија и Централната изборна комисија на БиХ по двајца набљудувачи и Амбасадата на Република Словенија еден набљудувач./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

