Македонија
АМСМ: Вечерва еден час ќе биде затворен тунелот Демир Капија

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од Авто-мото сојузот на Македонија известуваат дека вечерва од 21 до 22 часот ќе се изврши привремено затворање на тунелот Демир Капија на патот А1, делница Демир Капија – Гевгелија за сите категории на возила, поради извршување на активности за изградба на јавен пат за време на инспекција за безбедност на патишта – инспекција на тунел Демир Капија. крај/амсм
Извор: amsm
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меѓу загинатите и Александар Еремов, фотограф на ДНК

Меѓу жртвите во дискотеката во Кочани е и Александар Ефремов, фотограф на познатиот бенд ДНК.
Ефремов ги придружуваше Андреј и Панчо на речиси сите нивни настапи низ земјава.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави пејачката Антониа Гиговска.
Македонија
Дваесет повредени кои се во критична состојба ќе бидат пренесени во Бугарија, во Турција, во Грција и во Србија, вели Таравари

Дваесет од вкупно 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на понатамошно лекување во странство. Министерот за здравство Арбен Таравари денес од штипската болница извести дека во болницата во Кочани се сместени 30 пациенти, во штипската болница има 39 пациенти, во Клиничкиот центар во Скопје се сметени 31 пациент, во ГОБ„8 Септември“ 24 пациенти и 28 пациенти се на лекување во Клиниката за хируршки болести „Св. наум Охридски “ во Скопје.
„Некои од потешките пациенти, кои нормално се во Скопје, веќе комуницираме со соседните држави меѓутоа и со други држави кои ни се јавуваат за да помогнат да бидат пренесени на лекување таму. Според нашите анестезиолози можеби 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување, зборувам за тие што покритични, вкупно околу 20 пациенти се во покритична состојба. Неколку пациенти ќе бидат во Бугарија, во Турција, Грција во Белград. И од Албанија ни се јавија, од Холандија понудија третман меѓутоа јас им оставив на екипата на анестезиолози да одредат каде сметаат тие дека би било најдобро за понатамошен третман на овие покритични пациенти“, рече министерот Таравари.
Пациентите кои се сместени во штипската болница, министерот Таравари извести дека се во релативно стабилна состојба. Повеќето се со изгореници но има и неколку скршеници.
Директорот на штипската болница Владко Захариев, рече дека првите пациенти утрово ги примиле во три часот и триесет минути. Кај нив од Кочани стигнале околу 80 пациенти. Помош им била пружена на сите, а покритичните веднаш биле пратени во Скопје. Во штипската болница биле донесени седум тела без знаци на живот.
Македонија
Mакедонскиот народен театар ги отвора вратите за сите семејства на хоспитализираните лица

Mакедонскиот народен театар ги отвора вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани, стои во известувањето.
„Семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите.
Тел. за контакт: 02 3 216 725“, пишува во објавата.
Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства.
Средствата од купените онлајн билети ќе ви бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот.