Македонија
Андонов: Јанева се обиде да предизвика пуч во МВР
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов, во четврток на прес-конференција ја обвини специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека без налог сакала да влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање со што сакала да тредизвика пуч во Министерството за внатрешни работи.
„Таа во 11 часот дојде на кафе и сок кај (министерот за внатрешни работи Оливер) Спасовски, не дојде со судски налог. Во 14.30 часот побара да влезе во УБК веројатно како гостин и да бара документи, а во 16:30 часот донесе судски налог за да влезе. Таа сакаше да предизвика пуч во МВР. Каде е политичката и стручната одговорност на Јанева, каде е политичката одговорност на Спасовски? Дали има двајца, тројца или петмина оператори е проценка на директорот на УБК согласно потребите кои ги има. Дали мислите дека се доволни, тоа не е прашање кое јас ќе ви го одговорам или пак самите можете да си ги одговорите“, рече Андонов.Според него МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност се подготвени за соработка со СЈО, единствено кога Јанева ќе знае што сака и што бара во законски рамки за да може да го добие истото.Андонов го образложи својот впечаток дека Јанева и Спасовски сакаат да направат пуч во МВР, прашувајќи и што барале единицата АЛФИ да бидат распоредени околу зградата во средата, кога Јанева заедно со обвинители влезе во УБК за да земе материјали кои и се потребни за истрагите што ги спроведува.„Очигледно Јанева во соработка со Спасовски подготвува терен за удар во МВР при што не води сметка за конфронтација со единиците на МВР па и лична конфронтација. Таа праша која е улогата на дополнителниот заменик-министер, но јас ќе поставам контра прашање, која е улогата на Јанева и СЈО кога не знаат која е улогата на дополнителниот заменик-министер, нека се повикаат на законот за влада каде децидно се зборува дека јас еднакво делувам во МВР со министерот, ако некоја институција е спречена да извршува функција тоа е мојата функција бидејќи вчера пред воопшто да се појави пред просториите во УБК, Јанева помина добри три часа на кафе и сок со Спасовски за да конструираат за МВР. Таа пракса продолжува и денеска, Фетаи и Ристоска престојуваат кај Спасовски, СЈО делува како коалиционен партнер на СДСМ, а кабинетот на Спасовски станува штаб на СДСМ“, вели Андонов.Како што рече Андонов, Митко Чавков, сегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, не бил информиран за ангажманот на алфите и како што рече, срамота е кога некои од алфите реализираат активности за потребите на УБК, а други за некоја друга намена.Се пожали дека Спасовски извршил над 40 смени во Алфи и не го информирал него, што инаку му е должност.; а обвини и дека до сега има направено над 160 хоризонтални промени, што, според него, укажува на тенденцијата на Спасовски да продолжи со утврдената пракса во МВР да се однесува своеволно и да го претвори МВР во штаб на СДСМ.Инаку, како што пишувавме претходно обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство беа во Управата за безбедност и контраразузнавање во средата и во четвртокот за да обезбедат податоци за прислушувањата што се вршеле од 2008 до 2015 година и да утврдат дали прислушувала УправаОбвинителите велат дека УБК нема технички и човечки ресурси за да одговори на судската наредба, а од УБК, пак, велат дека не е можно да ги извадат тие податоци и да го прекинат системот за следење на комуникациите и дека може да го нарушат безбедносниот систем.„Со судска наредба по наше барање, бараме да ги обезбедиме сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК, а кои биле предмет на прислушување, за кои се сомневаме дека се наоѓаат во моменталните системи. Наша цел е да ги обезбедиме тие податоци, да видиме дали навистина тие податоци се таму и понатаму што можеме да утврдиме од тие податоци. Од досегашното постапување, УБК не само што не манифестираше волја, туку манифестирашe недостиг на технички и човечки капацитети. Не сакаме да инсинуириме кои се мотивите за тоа. Разочарани сме што државна институција нема ниту технички, ниту човечки ресурси да одговори на судска наредба за да може да пристапиме во системите за прислушување. Буквално тапкаме во место, немаме резултати. Товарот е на страна на УБК, тие треба да ги обезбедат условите за ние да ги обезбедиме доказите“, рече обвинителката Ленче Ристовска, ношта во средата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

