Македонија
Анкета: Груевски ужива поддршка од 52, 3 отсто од граѓаните
За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 37,9 отсто, наспроти 16,1 отсто што би гласале за СДСМ и 26,9 кои не би гласле за ниту една партија, покажа анкетата на институтот „Павел Шатев“, спроведена во периодот меѓу 13-ти и 15-ти март 2016 година.
Ако гласачите треба да се одлучат меѓу лидерите на двете најголеми македонски партии во земјава, Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев, лидер на СДСМ, 52,3 отсто од испитаниците би го поддржале Груевски, додека Заев ја има поддршката од 19,1 отсто. Не знаат за кого би гласале 28,6 отсто.Доверба во работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева имаат 23,4 отсто, но високи 64,3 отсто не веруваат во нејзината работа и во институцијата Специјално јавно обвинителство.Дека случаите на Јанева против одредени функционери на власта не се издржани и се политички мотивирани сметаат 67,8 отсто, наспроти 20,7 отсто што сметаат дека се издржани.Кај 88,4 отсто од испитаниците обвиненијата на СЈО против високи државни функционери нема да имаат влијание врз нивната одлука за кого ќе гласаат на изборите, а само 5,1 отсто одговориле со да. На прашањето, генерално, дали работата на Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство е во насока на унапредување на правниот систем и правдата во Македонија или претставува обид на политички притисок врз власта, дека е политички притисок сметаат 67,2 отсто, наспроти 19,8 отсто што мислат дека води кон унапредување на правниот систем.Институтот Павел Шатев ја спровел телефонската анкета на 1.075 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Во истражувањето спроведено на ниво на Република Македонија, биле опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.Со оглед на тоа дека целта на анкетата била да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во земјата, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 %./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

