Македонија
Анкета: Мнозинството македонски граѓани против избори на 5 јуни
Мнозинството граѓани во Македонија нема да излезат на изборите закажани на 5 јуни, покажуваат резултатите на телефонската анкета спроведена од страна на агенцијата Фактор Плус Адриа, во периодот од 11 до 14 април врз 1.200 испитаници.
Според резултатите, на избори на 5 јуни нема да излезат 53 отсто од анкетираните, 32 ќе гласат, додека 15 отсто не знаат.Понатаму резултатите покажуваат дека 53 отсто од испитаниците сметаат дека состојбата не овозможува да се одржат фер и демократски избори, додека 34 отсто мислат дека состојбата овозможува фер и демократски избори.Високи 60 отсто сметат дека слободата на медиумите во изминатиот период е намалена, додека 17 отсто велат дека е зголемена.Резултатите од анкетата уште покажуваат дека 75 отсто од испитаниците сметаат дека земјата е во длабока политичка криза, а 15 отсто дека станува збор за стандардна предизборна атмосфера.Огромен дел од испитаниците, или 80 отсто, не се согласуваат со одлуката на претседателот Иванов за аболиција, додека 14 отсто сметаат дека тоа е добра одлука. /крај/со/ст
Извор: Фактор Плус Адриа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

