Македонија
Анкетна комисија за прислушуваните разговори по враќање на опозицијата во парламентот

Анкетна комисија, ќе се форимира во рамки на Собранието за утврдување на аспектите и наводите поврзни со случајот со прислушуваните разговори, откако опозицијата ќе се врати во Собранието.
Како што соопштија од Собранието, на денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи донесен е заклучок за формирање на Анкетна Комисија за утврдување на аспектите и наводите поврзани со случајот со прислушкувани разговори.
„Анкетната Комисија ќе биде формирана во оној момент кога пратениците од опозицијата кои припаѓаат на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и останатите партии во коалицијата ќе се вратат во парламентот, што впрочем претставува клучна порака од меѓународната заедница. Со Анкетната комисија ќе претседава пратеник од опозицијата“, се вели во соопштението од Собрание.
За формирање ваква комисија повикуваше пратеникот Павле Трајанов, претседател на партијата Демократски сојуз, коалиционен партнер во власта./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска ја најави реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
„Ние како Влада, ќе продолжиме и понатаму да инвестираме и да помагаме, се разбира, колку што можеме. Оваа година буџетот на Фондот, ако се спореди со оној буџет да речеме ковид годината 2020,2021 е за некои 18 милијарди денари повисок, тоа е околу 300тини милиони евра, што е значителна сума. Дали е доволно? Никогаш не е доволно. Но ако имате близу 900 милиони евра буџет, тогаш тоа е нешто што е значајно, бидејќи 53 милијарди денари е буџетот“, рече Мицкоски.
Тој рече дека дел од проектот, кој што ќе биде спроведен заедно со Владата на Обединетото Кралство, ќе биде токму фокусиран на здравството, и рече дека очекува, нормално, доколку условите се поволни да кулминира со изградба на конечно, посакуваниот голем Клинички центар во Скопје.
„Така што една јасна стратегија, дефинирани цели каде треба да стигнеме, силна поддршка од Владата за јавното здравство, затоа што тоа е во интерес на граѓаните. И уште еднаш на крај, да се заблагодарам на сите оние што се дел од јавното здравство- за тоа што прават за граѓаните“, рече Мицкоски.
Македонија
Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој. Најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме образованието, да создава кадар кој е потребен во приоритетните области на стопанството. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на Светскиот образовен форум што се одржува во Лондон, каде е говорник на панел дискусија за влијанието на стручното образование врз економскиот раст.
„Стратегијата за паметна специјализација нé насочува кон дигитална и зелена транзиција во областа на паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност, информациски и комуникациски технологии, електро-машинска индустрија, и одржливи материјали и паметни згради. Во овие области е потребен стручен кадар и затоа сме фокусирани на унапредување и промоција на средното и високото стручно образование“, рече Јаневска.
Министерката информираше дека средното стручно образование во Македонија е целосно модернизирано, се применуваат модуларни наставни програми, има добро обучени наставници, а во едуцирањето на учениците учествуваат и компаниите.
„Во 2017 година воведовме концепт на дуално образование, односно учење преку работа и тој постојано се проширува. Компаниите се вклучени во развојот на практичните вештини кај младите и денес во македонските средни стручни училишта учат 70% од вкупниот број на средношколци“, рече Јаневска, потенцирајќи дека и во високото образование фокусот е насочен кон техничките науки, но дека постои простор за продлабочување на соработката помеѓу универзитетите и бизнис секторот.
Оваа година форумот е посветен на прашања поврзани со развојот на инклузивни, одговорни и отпорни образовни системи кои поттикнуваат правичен и одржлив социо-економски раст. Се дискутира и за изнаоѓање иновативни решенија на актуелни глобални предизвици, етичка употреба на современата технологија и вештачката интелигенција, за ефективни начини на воспоставување јавно-приватни партнерства и развој на меѓународната соработка.
Македонија
(Видео) Костовски: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти

Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти, бара Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.
„Во кратко интервју за британската телевизија Скај Њуз, кое беше објавено од медиумите, премиерот Мицкоски избегна да одговори на директно прашање: Дали дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство вклучува и можност Македонија да прифаќа мигранти? Токму ова прашање го поставивме пред неколку дена. И Владата – молчи“, рече тој.
Според него, сега, кога веќе и британски медиуми и политичари зборуваат за „широка соработка“ во делот на миграцијата, молкот станува аларм.
„Затоа денес, јавно, пред граѓаните, ја прашуваме Владата: Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за смествање на мигранти? Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина? Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман? Македонските граѓани имаат право да знаат, и ги заслужуваат одговорите. Заслужуваат транспарентност“, рече Костовски.