Македонија
Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен да одлучува дали „бомбите“ се докази
Апелациониот суд не одлучувал и се прогласи за ненадлежен по жалбите на Основното јавно обвинителство во Скопје кои беа поднесени откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги отфрли како неосновани докази прислушуваните материјали што ги објави опозицијата во коишто наводно се вмешани високи владини функционери.
Според Апелациониот суд, надлежен да постапува по овие жалби е првостепениот суд, откако од страна на Основното јавно обвинителство беа обжалени вкупно 21 решение на судија на претходна постапка кој одлучуваше по однос на барањето за издвојување на докази од списите на предметите.„Според Апелациониот суд, согласно членот 443 став 2 од ЗКП за жалби против решение на судија на претходна постапка одлучува советот од чл. 25 ст. 5 од овој закон, освен ако со овој закон поинаку не е определено. Согласно наводите не постои одредба која би го содржела ваквиот исклучок определен во одредбата од чл. 443 ст. 2. Согласно овие наводи Второстепениот суд смета дека не е надлежен за постапување по списите од предметот оформен по повод жалбите на ОЈО – Скопје и истите ги врати на понатамошна надлежност на Основниот суд Скопје 1 – Скопје“ се вели во образложението на Апелациониот суд.Кривичниот суд ги отфрли прислушуваните материјали како докази бидејќи биле незаконски прибавени, на барање на адвокатот на премиерот Никола Груевски. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

