Македонија
АРМ ја отстрани карпата која беше закана за жителите на Шипковица
Припадниците на инженерскиот баталјон на Армијата на Република Македонија, во понеделникот со контролирана експлозија ја уништија карпата која по големите поплави претставуваше закана за жителите на Шипковица и овој регион.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој присуствуваше на минирањето посочи дека по големите поплави минатата година и неодамнешните поплави беше утврдено дека постоеше опасност по жителите на селото и околниот регион од пет големи карпи.
„По рачното отстранување на големата карпа над селото и денешното минирање на четири дополнителни карпи, целосно ќе се отстрани опасноста по населението во овој регион. Со овие активности на Армијата, во голема мера го заштитува населението од природните непогоди и од можноста овие карпи да направат голема штета на селото Шипковица“, додаде министерот Јолевски.
Заменик-командантот на Баталјонот, потполковникот Илчо Заковски, објасни дека се извршени подготовки за уривање на четири карпи, две по селото и две над селото Шипковица со вкупна големина од околу 300 метри кубни. „Беа изработени минерски бушотини, за двете карпи беше поставен 20 килограми експлозив и ќе се изврши нивно внатрешно уривање“, додаде потполковникот.
Армијата на Република Македонија со свои припадници и механизација во секое време им е на помош на граѓаните на Република Македонија. Пример за тоа е помошта за населението вo регионите зафатени со неодамнешните катастрофални поплави./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

