Македонија
Арсовска Томовска: Постојан развој на човечките ресурси за поголеми резултати
Човечкиот капитал е битен сегмент од секоја организација и инвестирањето во неговиот развој како релативно млада научна дисциплина е пресуден за постигнување резултати и функционалност во работењето.
Ова во петок го изјави заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на отворањето на шестата Меѓународна конференција за човечки ресурси, што се одржува во Скопје во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, а е поддржана од МИОА и Европската асоцијација за управување со човечки ресурси (EAPM).
„Пред неколку години направивме Стратегија за јавната администрација, во рамките на која голем акцент беше ставен на човечките ресурси, при што воспоставивме нови стандарди врз основа на меѓународни искуства. Во февруари оваа година ги донесовме двата административни закони, во кои се вградија новите техники во управувањето со човечките ресурси. Воведувањето на етичките стандарди, исто така, претставува значаен сегмент на кој посветивме внимание. Во таа насока е новиот веб портал во изработка administracija.mk, кој активно ќе се занимава со оваа област“, рече во обраќањето Арсовска Томовска.
На конференцијата се обрати и претседателот на Македонската асоцијација за човечки ресурси, Христина Лозаноска, која се осврна на целите на конференцијата и очекуваните резулати од неа.
Инаку, на настанот учествуваат високи претставници од бизнис секторот и академски институции, кои го споделуваат своето искуство и знаење за најдобрите практики од областа на човечките ресурси.
Во рамките на конференцијата традиционално ќе се одржи и HR Training EXPO, кој претставува можност за промоција на програмите и услугите на сите заинтересирани компании и институции кои се дел од формалното и неформалното образование во Република Македонија.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

