Македонија
АВМУ ги осуди нападите врз медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(АВМУ) најостро го осудува нападот врз Радио Слободна Македонија за време на протестите во четврток вечер.
„Правото на протест е уставно загарантирано, но исто така, фундаментален предуслов за демократско општество е правото на слобода на прием и пренесување информации. Затоа уште еднаш апелираме да не се попречува работата на медиумите и медиумските професионалци“, порачуваат од АВМУ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјотрес почувствуван во Струмица

Земјотрес е почувствуван попладнево во Струмица, во 18 часот и 33 минути.
Според информацијата на сеизмолошката опсерваторија, потресот е со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината.
Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.
Македонија
Фатен со мито в рака и приведен раководителот на секторот урбанизам во Маврово-Ростуше

МВР денес го приведе раководителот на сектор урбанизам на Маврово Ростуше, со мито на рака.
„На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски). Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети“, информираа од МВР.
Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати.
Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени.