Македонија
АВРМ негира дека има злоупотреба во врска со користењето на возилото од страна на Спасов
Во надлежни институции постои документација од која јасно може да се констатира дека не станува збор за било каква злоупотреба од страна на Агенцијата, се наведива во реакцијата од понеделникот на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ), во врска со текстовите што изминативе денови беа објавени во медиумите, а каде беше спомената Агенцијата за вработување на Република Македонија, и по денешната прес-конференција на техничкиот министер за труд и социјална политика – Фросина Ташевска Ременски.
„Во октомври 2015 година меѓу Mинистерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен Договор, со кој Агенцијата за вработување на Република Македонија на Министерството за труд и социјална политика му отстапува расположливи технички средства, меѓу кои и расположливи службени моторни возила, освен оние возила кои се донација од ЕУ. За користење и управување со овие возила на Агенцијата, Директорот издал и соодветни Овластувања“, се наведува во реакцијата на АВРМ.
Тврдат, исто така, дека сите преземени дејствија од страна на Агенцијата за вработување се поткрепени со соодветни докази и документација и не постои никаква злоупотреба на нејзиниот имот и средства.
Претходно во понеделникот „итна оставка“ од дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов, по саботниот инцидент во кој тој со возило на Агенцијата за вработување предизвика две сообраќајни несреќи, побара техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.
Според Ременски, „Туарегот“ со кој заменик-министерот направил сообраќајни прекршоци е во сопственост на Агенцијата за вработување и не е единственото возило кој тој го користел надвор од работното време. Како што вели таа, Спасов противзаконски, освен со Туарегот, располагал и со уште други три возила кои од страна на Владата на Република Македонија, на 12 август 2015 година се дадени на трајно користење на Агенцијата за вработување./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

