Македонија
(Bидео) Гувернерката одби да говори за судирот на интереси на директорката за супервизија
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, не сакаше да даде изјава по завршувањето на промотивниот настан во НРБМ, на кој беа поканети медиумите. „Макфакс“ не доби одговор на прашањето дали има судир на интерси во случајот на директорката за супервизија Милица Арнаудова, чиј сопруг е вработен во една од комерцијалните банки.
Бежовска пред камерата се правдаше дека поради карактерот на настанот не биле предвидени изјави и додаде доколку новинарите имаат прашање да го пишат до нејзиниот ПР кој ќе одговори во писмена форма.
„Поставете го прашањето ќе ви биде одговорено. Разберете, да не му даваме друга димензија на настанот, пишете ќе добиете одговор“, рече гувернерката.
Во разговорот се вклучи и министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој рече дека сите институции кои беа дел од ПР-настанот се договориле да не даваат изјави за медиумите.
Претходно и претставник на ПР-центарот на банката нѐ предупреди да не бараме изјави, зашто и во поканата пишувало дека нема да има.
Ова не е првпат одредена институција да кани на настани новинари и при тоа да не одговара на прашања што се во интерес на јавноста. Ова пракса долги години ја практикуваше претходната власт, при што во јавноста се изнесуваа само ставови кои сакаа да ги кажат функционерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

