Македонија
Барањата на Професорскиот и Студентскиот пленум доставени во Собранието
Претставници на Професорскиот и на Студентскиот пленум доставија писма со нивни барања до пратениците во Собранието каде што во понеделникот се одржува седница на која треба да биде разгледан и Предлог-законот за измени во високото образование, во прво читање.
Тие уште еднаш побараа повлекување на предлог-законот и јавна дебата. Професорката Билјана Ванковска побара пратениците да ги слушнат нивните барања, да го повлечат законот и да им дадат време во наредните три месеца да воспостават дијалог за високото образование кои се од интерес за сите граѓани. Според неа, изјавата на премиерот дека универзитетските професори се плашат од реформите според кои треба да објавуваат научни трудови е навредлива за универзитетските професори и обид да се стават во дефанзива.Владимир Делов од Студентскиот пленум, пак, уште еднаш го изрази незадоволството од предложените реформи во високото образование и укажа дека тие се, пред сé, заинтересирани за управување на студентските права.„Нас не нé интересира која партија е на власт, ниту, пак, оваа Влада да падне за да дојде некоја друга. Одбиваме да нé вплеткуваат во нивните политички игри. Нас нé интересираат исклучиво студентските права“ рече Делов.На отворениот пленум беше прочитано писмото упатено до пратениците зад кое потписи ставиле универзитетски професори од Македонија, а за што поддршка добиле и од осумдесет нивни колеги во светот./крај/мф/
Извор: Извор: Нова Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

