Македонија
Бирото за вештачења процени речиси половина помалку штета на Канцеларијата на Претседателот
Бирото за судски вештачења процени речиси половина помалку штета направена при демолирањето на Канцеларијата на Претседателот во споредба со проценката што ја направија од кај Кабинетот на Претседателот и којашто истовремено ја пријави Основното јавно обвинителство Скопје.
Кабинетот на Претседателот првично процени дека за време на протестите на 13 април била направена штета од 880 илјади денари или 15.000 евра, додека според Бирото за судски вештачења штетата изнесуваа 522 илјади денари или 8.500 евра.Првичната проценка на штета ја направија од Кабинетот на Претседателот, но според дописот од Канцеларијата на претседателот штетата конечно треба да ја утврди Народното правобранителство кое побара од Бирото за судски вештачења да ја утврди точната штета и колку треба да плати секој обвинет демонстрант.Државното правобранителство во четврток во Кривичниот суд на рочиштето за првите демонстранти, Филип Наковски и Никола Аризанов, обвинети за демолирање на Народната канцеларија, одреди дека вкупното отштетено побарување изнесува 522 илјади денари.Износот од 232 илјади денари се однесува на причинетата штета на вкупната вредност на предметите според нивната вредност во моментот кога е направена штетата и која е потребна за Канцеларијата да се доведе во првобитната состојба, а износ од 289 илјади денари проценета штета на вкупната вредност на оштетените и исчезнати предмети.Бидејќи примероци од вештиот наод и мислење денеска им беа доставени на Судот и на одбраната на обвинетите, судијката Весна Петровска-Тагасовска, која го води предметот, на барање на адвокатот Владимир Данаилов го одложи и денешното рочиште со цел одбраната да изврши увид.Данаилов најави дека ќе побараат второ вештачење на штетата и дополнително ќе се произнесат во однос на наводите на Државното правобранителство.Рочиштето е одложено за 20 мај.Во Судот во четврток беа спроведени и членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, кои во присуство на своите бранители треба да извршат увид во доказниот материјал кој го понуди Основното јавно обвинителство Скопје. Сѐ уште се нема одржано ниту едно судско рочиште за демонстрантите кои се наоѓаат во куќен притвор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице е повредено
Мал авион денес се урна во Мавровско Езеро.
Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, додека другото поминало без повреди, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а надлежните постапиле на лице место.
Фото: Пекселс, Сабина Калари
Македонија
Започна изградбата на нова училишна спортска сала во Колешино, Ново Село
Започна изградбата на нова училишна спортска сала во Колешино, Ново Село. На почетокот на градежните активности беше и премиерот, Христијан Мицкоски.
„Убеден сум дека сите овие проекти ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на локалното население и ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да го испорачуваме сето она што сме се обврзале пред граѓаните и сето она што сме го ветиле. Дел од тие проекти е и овој проект, како и други повеќе од илјада проекти коишто во овој момент се во фаза или почетна или во некоја поодмината фаза или во завршна фаза коишто се реализираат, а се резултат на онаа поддршка што општините ја добија од Владата изминативе година и половина во вредност од речиси половина милијарда евра, бидејќи само три стотини и педесет милиони евра се проектите коишто се дел од првиот и вториот повик преку Министерството за локална самоуправа, кога на тоа ќе се додадат проектите коишто ги имаат одредени министерства надвор од овие две програми тогаш доаѓаме до фантастични половина милијарди евра, нешто што досега никогаш не е направено во поновата историја на Македонија“, рече Мицкоски.
Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ планира прифаќање мигранти и кредит од 6 милијарди евра
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ планира прифаќање мигранти и земање кредит од 6 милијарди евра, со кој, како што наведуваат, би се финансирало нивното сместување, исхрана и изградба на социјални станови.
„Со кредитот од 6 милијарди евра да ги плаќаме мигрантите, да ги храниме и да ја плаќаме изградбата на социјални станови за нив. Така изгледа ‘патриотската’ политика на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека тие се партијата ја внела Северна Македонија во НАТО со цел зајакнување на безбедноста и заштита на државните граници, додека, според нив, ВМРО-ДПМНЕ со вакви планови ја загрозува безбедноста на државата.
Во соопштението се наведува дека државата, како што тврдат од СДСМ, нема финансиски средства, па би земала кредит што би го враќале идните генерации, со цел сместување на мигранти кои, според нив, други земји од Европската Унија ги депортираат за да ја зачуваат сопствената безбедност.
СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ не е способна да обезбеди ниту еден мал прифатен центар, наведувајќи дека мигрантите демолирале таков објект, и изразува сомнеж во можноста за сместување поголем број мигранти во земјата.
Во соопштението се посочува и дека мигранти веќе пристигнале во Албанија и Косово, а се тврди дека следна на ред би била Северна Македонија.

