Македонија
Бочварски: Наместо во споменици и барок, СДСМ ќе инвестира во инфраструктура во Источна Македонија
Мостот кој води за делчевско Разловци, а кој две години чека санација, ќе биде изграден веднаш по победата на 11 декември на коалицијата предводена од СДСМ.
Ова го изјави Благој Бочварски, кандидатот за пратеник во ИЕ бр 3 од опозициската коалиција на СДСМ и претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, кој заедно со Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа, во сабота попладне беа на средби со жителите во селата Тработивиште и Разловци, но и направија увид на состојбата на мостот поради што селото Разловци со месеци е отсечено од светот.
Бочварски потенцираше дека истокот е заборавен од власта на ВМРО ДПМНЕ.
„Истокот е оставен на забот на времето, а овој регион е остечен од светот. Се наоѓаме на мостот каде е попуштена конструкцијата и мора веднаш да се реконструира. Иако мостот две годин е во ваква состојба, власта на ВМРО ДПМНЕ не најде време, простор и средства да го реконструира. Ние од овде порачуваме дека овој мост ќе се санира веднаш по победата на 11 декември. СДСМ има направено анализи дека оваа реконструкција на овој мост нема да чини повеќе од 250 илјади евра. Само за споредба, во Скопје оградата на мостот „Гоце Делчев“ чини 508 илјади евра, а мерцедесот на Груевски чини 600 илјади евра. Затоа ќе ги промениме и ќе се бориме и избориме инфраструктурните проблеми да бидат наш приоритет за решавање“, порача Бочварски.
Тој додаде дека дополнитлно ќе се реши и проблемот со стариот пат кој води за Разловци и е во должина од 5 км.
„Граѓаните од овој регион не заслужуваат да имаат вакви патишта, имаме граѓани кои одат на работа и чија безбедност е загрозена. Затоа ни бегаат младите од Македонија, бидејќи инфраструктурата е целосно запоставена. Планираме редиструбуција на финанскисте средства и наместо во споменици, фасади и барок ќе се инвестира во инфраструктура во Источна Македонија, за да го заживееме овој регион, бидејќи овде мора да ги вратиме младите“, потенцираше Бочварски. /крај/мф/ ет
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

