Македонија
Богоевски не планира да земе членска книшка од СДСМ
Граѓанскиот активист Павле Богоевски, кој од неделата се најде на кандидатските листи на опозициската СДСМ за предвремените парламентарни избори во декември, вели дека не планира во следниот период да се зачлени во оваа партија.
„Сметам дека заслугата за таа позиција треба допрва да се одработи и никој не може да се смета за заслужен пред да го реализира тоа што го ветува. Што се однесува до членската книшка, немам намера во овој период или набрзо да извадам членска книшка од СДСМ“, рече Богоесвки, во понеделник од скопско Стајковци.
Тој вели дека со оваа одлука за ваков настап не мисли дека се оштетени граѓанските организации.
„Напротив, мислам дека добиваат можност да имаат свој глас на начин којшто никогаш го немале претходно и борбата продолжува само во нова форма“, рече Богоевски.
На новинарско прашање, зошто токму на листите на СДСМ, тој вели затоа што верува во таа политичка опција и бидејќи таа политичка партија одлучи да оди со најширока можна коалиција во однос на другите партии „коишто настапуваат надвор од режимот“.
Одговарајќи на прашањето дали со ова не смета дека се потврдиле теориите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека „Шарената револуција“ била по дикатат на СДСМ; тој вели дека со тоа ништо не е потврдено, а причина за тоа гледа во шаренилото и во несогласувањата од кои дел веќе излегоа меѓу припадници на граѓанскиот сектор и политичките партии, а дел очекува да следат во тешкиот период којшто претстои.
„Не станува збор за диктат, станува збор за активна соработка. Јас очекувам и од другите непартиски граѓани коишто ќе се најдат на избирачките листи да работиме по сопствено уверување, а не по диктат на ниту една политичка опција. Токму тоа е поентата, ние се боревме против таквото работење по диктат на доминантниот центар на моќ без разлика дали е политички, партиски или каков и да е, тоа да престане“, рече Богоевски од Стајковци, од каде алармираше дека по три месеца од поплавите во скопско, доведувањето на објектите во пристојна состојба за живот оди тешко./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

