Македонија
Бошкоски ја напушти судницата, тврди дека ‘Ровер’ е кај специјалната обвинителка
Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Маедонија, Љубе Бошкоски, обвинет за случајот „Ровер“ ја напушти судницата со образложение дека нема да дозволи да му суди осомничено лице повикувајќи се на информации дека случајот „Ровер“ е веќе предаден на специјалната обвинителка Катица Јанева.
„Ние располгаме со основани сомненија дека не само предметот ‘Кампања’ на Катица Јанева ѝ е предаден и предметот ‘Ровер’. Има основани сомненија дека за овој предмет се договарани висините на казните и дека судијата Илија Трпков е директно инволвиранн во ова. Јанева ќе подигне обвинение против Трпков и неговата организација. Не може осомничлено лице да ми суди. Вие сте убиец“, рече Бошкоски и ја напушти судницата.Заедно со него судницата ја напушти и обвинетиот Зоран Трајковски.Сознанијата на Бошкоски, пред судот ги потврди и неговиот адвкат Константин Кратовалиев.„Имаме веодостојни информации од истите извори кои до специјалната обвинителка ги доставија сите материјали од прислушуваните разговори дека и за ‘Ровер’ се предадени 18 транскрипти и повеќе од еден час разговори во кои се вмешани лица кои учествувале во подготвувањето, водењето на судењето и носењето одлуки. Барам овој суд да ја прекине постапката сé додека материјалите доставени до специјалната обвинителка не бидат разгледани. Апсурдно е за едно дело да се водат два паралелни процеса“, рече Кратовалиев. Судијата Илија Трпков рече дека досега немаат известување дека овој предмет ќе го работи специјалната обвинителка, а сé дотогаш тие ќе работат според законот. Тој побара, доколку странките не се задоволни од неговата работа, да побараат негово изземање.На судењето не се појави јавната обвинителка Лидија Раичеиќ, а адвокатите изразија сомнеж за нејзино ескивирање. Побараа да им бидат надоместени трошоците поради отсуството на обвинителката.Исто така, тие му забележаа на судијата затоа што првите чеворица обвинети кои се товарат за извршување на убиството на Марјан Тушевски и Кире Јанев не се барани според законот, дека не се воопшто легитимирани и не се знае чии државјани се.Ова е трето судење за случајот „Ровер“ откако апелција двапати ги укина пресудите сите обвинетои се ослободени од притвор освен Бошоски кој ја издржува затворската казна за предметот „Кампања“./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

