Македонија
British American Tobacco – новите клинички податоци за уредот Vuse го потврдија позитивното влијание врз јавното здравје на производот со намален ризик
· Студијата открила дека возрасните потрошувачи кои го користат производот Vuseiна БАТ покажале значајно подобри резултати за биомаркерите кои се релевантни за болести поврзани со пушењето во споредба со пушачите.
· Пониски нивоа на штетни материи од чадот од цигарите класифицирани како штетни или потенцијално штетниii се пронајдени кај учесниците кои користат исклучиво Vuse во споредба со пушачите.
· Студијата придонесува за научните докази за е-цигарите како категорија на производи со намален ризик* и ја нагласува вредноста на Vuse во намалувањето на штетата од пушењето.
· Резултатите од студијата го истакнуваат придонесот на електронските цигари за намалување на штетите од пушењето.
Новите резултати на една од досега најголемите студии за е-цигари која го анализираше водечкиот бренд на БАТ, Vuse, се објавени во весникот Интерна и итна медицина.
Студијата ги споредува клиничките мерења помеѓу потрошувачите кои исклучиво користат Vuse и пушачите. Резултатите од студијата покажуваат дека учесниците кои користеле Vuse во споредба со пушачите, имале поповолни разлики во биомаркерите за изложеност (BoE) и биомаркерите за потенцијална штетност (BoPH) релевантни за болести поврзани со пушењето.
Корисниците на Vuse покажаа значително ниски биомаркери за изложеност на примарни токсини од чад од цигари според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО)iii. Податоците исто така покажаа поволни разлики помеѓу корисниците на Vuse и пушачите во сите измерени биомаркери за потенцијална штетност, од кои три беа статистички позначајни.
Д-р Џејмс Марфи, директор за истражување и наука во БАТ, изјави: „Употребата на електронски цигари станува сѐ повеќе важна, бидејќи возрасните пушачи сѐ повеќе бараат алтернативни никотински производи со намален ризик. Резултатите од оваа студија се важни за Vuse, БАТ и потрошувачите, затоа што ни овозможуваат подобро разбирање за позитивното влијание на е-цигарите во споредба со пушењето. Истражувањето покажува јасна разлика помеѓу корисниците на Vuse уредот во споредба со пушачите и дополнително ја потврдува улогата на електронската цигара во намалувањето на штетите од пушењето. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои учествуваа и помогнаа во реализацијата на оваа студија. Ова е уште еден важен чекор напред на нашиот пат кон градење на Подобро утре (A Better TomorrowTM)“.
Електронските цигари се најмногу истражувани и прифатени алтернативни тутунски и никотински производи во светот. Научните податоци на БАТ за е-цигарите се објавени во повеќе од 80 рецензирани списанија и придонесуваат за доказите кои ја поддржуваат улогата на оваа категорија во намалувањето на штетност од тутунот. Иновативната „вкрстена студија“,
која е една од најголемите студии за е-цигари, обезбедува клучни сознанија за влијанието врз здравјето при нивна употреба.
Vuse е водечки глобален брендiv за е-цигари врз основа на пазарниот удел и прв глобален јаглеродно-неутрален брендv на е-цигари. Vuse е достапен на 33 пазари, со над 10 милиони потрошувачи во целиот свет.
Белешки за уредниците
Врз основа на измерените биомаркери, во споредба со пушачите, корисниците кои единствено користеле Vuse забележале:
· значително пониски нивоа на сите измерени биомаркери за изложеност на примарни токсини од чадот од цигарите, како што е дефинирано од СЗО,
· значително поволни разлики во три биомаркери на потенцијална штетност поврзани со развојот на кардиоваскуларни заболувања (11-dTX B2, COHb и sICAM-1),
· пониски нивоа на биомаркери за потенцијална штетност (WBC и 8-epi-PGF2а) за општо воспаление и оксидативен стрес,
· поволни разлики во биомаркерот за потенцијална штетност (HDL) релевантен за кардиоваскуларни болести
· поволни разлики во биомаркерот за потенцијална штетност (FeNO) релевантен за здравјето на белите дробови
Повеќе за студијата
Клиничката студија на корисници на Vuse, пушачи, поранешни пушачи и оние кои никогаш не пушеле, обезбедува сеопфатна анализа на 17 биомаркери за изложеност (BoE) на примарни токсини од чад од цигари, биомаркери на потенцијална штетност (BoH) и физиолошки мерки релевантни за кардиоваскуларни состојби, респираторни заболувања и рак.
Во студијата учествуваа лица од Обединетото Кралство, на возраст помеѓу 19 и 55 години и со добро општо здравје. Беа вклучени и проучувани четири различни групи:
1. Сегашни пушачи кои пушеле најмалку една година пред скринингот
2. Потрошувачи кои користат Vuse (ePod и/или ePen3) најмалку шест месеци
3. Поранешни пушачи кои престанале да пушат најмалку шест месеци пред скринингот
4. Учесници кои никогаш не пушеле
Сите учесници беа тестирани за уринарен котинин, биомаркер за изложеност на никотин и издишан јаглероден моноксид, за да се утврди нивната консумација на никотин и статусот на пушење. Потрошувачите кои користат Vuse и поранешните пушачи беа тестирани за биомаркер CEVal, за да се потврди дека не пушеле цигари во претходните шест месеци.
Покрај широкиот опсег на проценети BoE и BoPH, уште една предност на дизајнот на оваа студија беше релативно големиот број учесници (n-213 регрутирани), поголем од која било претходна студија за е-цигари од овој тип.
За разлика од лонгитудиналните студии каде учесниците извршуваат повеќекратни посети на клиника во подолг временски период, учесниците во оваа студија еднаш посетија клиника во текот на ноќта каде што испитувачите го анализираа нивниот здив, урина и крв за да ги измерат BoE и BoH, а направени се и други клинички мерења релевантни за здравјето.
Учесниците во студијата користеле сопствени Vuse производи и марки на цигари, користејќи ги со вообичаен интензитет во текот на 24-часовниот период на истражување. Шемата на употреба и вкупната потрошувачка на учесниците не беа контролирани во текот на студијата, бидејќи целта беше да се проценат измерените ефекти кај луѓето што ги користат производите на нивниот „нормален“ начин, а не на контролиран начин.
Изјави за во иднина
Оваа објава содржи изјави кои се однесуваат на иднината, вклучувајќи изјави кои се однесуваат на иднината и кои се дадени во смисла на американскиот Закон за реформи во парничната постапка за приватни хартии од вредност од 1995. Овие изјави често, но не секогаш, даваат користење на зборови или фрази како што се „верува“, „предвиди“, „би можело“, „може“, „ќе“, „треба“, „има намера“, „планира, “потенцијал”, “предвиди”, „очекувај“, „процени“, „проектира“, „позиционира“, „стратегија“, „перспективи“, „цел“ и слични изрази. Тоа вклучува изјави насочени кон амбициите на нашите потрошувачи, целите за приходи од нови категории и нашите ESG цели.
Сите такви изјави се однесуваат на иднината, вклучувајќи проценки и претпоставки кои подлежат на ризици, несигурности и други фактори. Се верува дека очекувањата кои се одразуваат во оваа објава се разумни, но на нив може да влијае широк опсег на промени кои би можеле да предизвикаат вистинските резултати значително да се разликуваат од оние кои во моментот се очекуваат. Причината зошто вистинските резултати и развој може значително да се разликува од очекувањата изразени или имплицирани во изјавите во иднина, може да се најде во информациите под наслов “Изјава за предупредување” и “Главните ризици на групата” во Годишниот извештај за 2021 година и Образецот 20-Ф на Бритиш Американ Тобако п.л.ц. (British American Tobacco plc).
Дополнителни информации во врска со ова и други фактори може да се најдат во поднесоците на БАТ до Комисијата за хартии од вредност во САД („КХВ“), вклучувајќи го и Годишниот извештај на образец 20-Ф и тековниот извештај на Образец 6-К кој може да се преземе бесплатно од веб-страницата на КХВ http://www.sec.gov, т.е. Годишниот извештај на БАТ, кој може да се добие бесплатно на веб-страницата на БАТ, www.bat.com.
Претходниот учинок не е водич за идните резултати, а лицата на кои им треба совет треба да контактираат независен финансиски советник. Изјавите кои се однесуваат на иднината ги претставуваат знаењата и информациите достапни на датумот на подготовка на оваа публикација, а БАТ не презема никаква обврска за ажурирање или ревидирање на овие изјави во иднина, било како резултат на нови информации, идни настани или на некој друг начин. Читателите се предупредени да не се потпираат прекумерно на изјавите кои се однесуваат на иднината
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.
Македонија
Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност на тема „Инвестирање од 5% во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На настанот учествуваа светски лидери и претставници на Американскиот конгрес, при што се дискутираше за безбедноста и зајакнувањето на трансатлантската соработка.
Гаши кажа дека посветеноста на нашата земја кон НАТО е силна, водена од убедувањето дека ниту една нација не може сама да ја гарантира својата безбедност.

„Северна Македонија придонесува со дисциплина, стои покрај своите сојузници, ги исполнува преземените обврски и го докажува партнерството преку дела. Во време на глобална неизвесност, соработката во рамките на НАТО е поважна од кога било, особено за земји како нашата, во срцето на Балканот. Зајакнувањето на институциите, инвестициите во одбраната и заедничката интероперабилност се од суштинско значење за нашата колективна отпорност“, рече Гаши.
Тој додаде дека Македонија е лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на САД.
„Ние стоиме како лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на Соединетите Американски Држави. Како што има истакнато претседателот Џон Ф. Кенеди: „Им ветуваме лојалност на лојалните пријатели. Бидејќи обединети, има малку нешта што не можеме да ги направиме; поделени, има малку нешта што можеме да ги направиме.“ А децении подоцна, претседателот Џорџ В. Буш го потврди овој двопартиски принцип, потсетувајќи нè дека „за да го обновиме нашето единство, доволно е да се потсетиме на нашите вредности““, рече Гаши.
Во истиот дух, додаде тој, Северна Македонија ја избира одговорноста наместо двоумењето и единството наместо поделбите. „Ова е нашето ветување кон заедничките вредности, заедничката безбедност и силната Трансатлантска алијанса“, рече Гаши.
Македонија
Утре облачно време со температура до 14 степени, од недела заладување
Времето утре ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m² , а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

