Македонија
Бројките се зголемуваат, 21 загинато лице, 20 идентификувани.ВИДЕО
Најмалку 21 лице загинале во невремето што во неделата вечерта го зафати скопскиот регион.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи за Макфакс, до 15 часот официјално потврдени се 21 жртва, 20 се идентификувани, а едно лице е неидентификувано.
Во поплавите повредени се 22 лица, а шест се водат за исчезнати. Засега не се соопштуваат имињата на жртвите, но сите се најдени на подрачјето на селата Сингелиќ, Стајковци, Арачиново и Смилковци.
Овие села беа најпогодени од невремето, поплавени се и разрушени куќи и автомобили, жителите се бе струја.
Поради настанатите свлечишта, кај клучката Стајковци према клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници било констатирано се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров према Стенковец.
Во временскиот период од 19,30 часот до 04.30 часот, поради настанати поплави во градското подрачје, блокирани за сообраќај беа бул.Киро Глигоров, бул.„Србија“, бул.Гоце Делчев (кај стоковна куќа Мост), ул.„Александар Урдаревски“, ул.„Бихаќка“ како и клучката кај хотел Континентал.
Се преземаат мерки поради настанатата елементарна непогода,и притоа дадени се конкретни задачи на сите вклучени државни органи во делот на претрес на терен, со цел пронаоѓање евентуално други настрадани лица, потоа настанати штети, како и воспоставување на елементарни услови за живеење, информираат од МВР.
За таа цел, подрачјето зафатено од елементарната непогода, поделено е на два реона, и тоа:
Прв реон – обиколница кај Смилковско езеро, Камник до улица„Алија Авдовиќ“, на кој терен претрес ќе вршат АРМ и Втор реон – од улица „Алија Авдовиќ“ према с.Арачиново на кој терен претрес ќе вршат МВР и притоа се ангажирани полициски службеници од (ЕСЗ, ЕБР, ПС ОН и ЕЈРМ).
Во врска со настанатата елементарна непогода, до 06:00 часот пријавени се 22 повредени лица и тоа во ГОБ 8-ми Септември – пет лица, ГОБ Св.Наум Охридски – 12 лица и Ургентен центар при клиники Мајка Тереза –пет лица.
До 15:00 часот, по извршениот претрес на теренот во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје, екипа во состав од ЕУМНА, крим полиција-насилен криминал, УПС од надлежната ПС и тим од погребално Бутел, пронајдени се 21 починатo лицe, од кои идентификувани се 20 лица и телата на починатите се предадени на семејствата, а за 1 лице сеуште трае утврдувањето на идентитетот. Починатите лица се пронајдени на подрачјето на Гази Баба односно: Сингелиќ, Стајковци, обиколница Смилковци и с.Црешево.
Од 07:00 до 11:00 часот, дополнително се пријавени уште 56 повредени лица на третман во здравствени установи, од кои девет се задржани, а останатите се пуштени на домашно лекување.
Од страна на екипи од Општината Гази Баба и Град Скопје ангажирани се правни лица со механизација за расчистување на штетите настанати од непогодата.Од страна на против пожарната бригада се испумпува водата на критичните точки, а редуциран сообраќај има на дел од обиколница и во правецот од влез од нас.Ченто према с.Арачиново, додека пак во централното градско подрачје сообраќајот е нормализиран.
Во текот на целокупната активност од страна на МВР – ОСПО покрај полициските службеници ангажирани се 34 дефендери, 9 пинцгауер, 3 џип чироки, 5 хермелини, 3 хамери, 1 подвижна механичарска работилница, 3 санитетски возила и 3 хелихоптери, додека пак од СВР Скопје,, 4 комбиња фолксваген, 5 дефендери и 5 јети./крај/мф
Се вчитува прикажувачот на видео…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

