Македонија
Чешка донираше за потребите на Прифатниот центар во Табановце
Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков и амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш во среда го посетија Прифатниот центар за мигранти во Табановце и потпишаа декларација за донација од Чешка за Министерството за внатрешни работи, односно за потребите на Прифатниот центар за бегалци во Табановце.
Донацијата се состои од 10 големи шатори (6×9 метри) со систем за греење, 150 кревети со душеци на надувување со соодветни пумпи, 150 ќебиња и 150 вреќи за спиење. Вкупната вредност на донацијата изразена во евра изнесува 38.458 евра.Донацијата е резултат на активностите во рамки на Салцбуршкиот форум и неговите партнерски земји од Централна и Југоисточна Европа. На Министерската конференција во рамки на Салцбуршкиот форум одржана на 04 и 05 мај 2015 година во Санкт Пелтен, Австрија беа дефинирани заедничките интереси на земјите учеснички, меѓу кои и подобрување на соработката со земјите на потекло и транзит земјите , како и разгледување на можностите за поддршка на најпогодените земји од мигрантската криза Македонија, Србија, Бугарија и Унгарија. До крајот на годината најавени се уште донации./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

