Македонија
Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираат партијата
Пет дена од кампања Форумот на слободоумни патриоти го изразува своето задоволство и ги охрабрува членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ да продолжат со бојкотот кон актуелното раководство.
Според нив бојкотот е реалност во Охрид, Ресен, Струга, Неготино, Кавадарци, Аеродром, Карпош, Валандово, Гевгелија, секаде каде што ќе се појават функционери од актуелното раководство.
„Може да ја злоупотрбувате администрацијата или да ги злоупотребувате Ромите и големиот “вмровец” Амди Бајрам, но тоа нема да го скрие фактот дека вмровците не се повеќе со вас, дека сте оставени сами на себе.Ако сеуште не ви е јасно зошто ве бојкотираме, само сетете се во не така далечното минато и сетете се што се им правевте на вистинските вмровци, сетете се само колку пати ги лажевте и после секои избори како им вртевте грб, како систематски ги заменувавте со луѓе со сомнителна идеологија“, велат од Форумот
Велат дека вмровците не забораваат и дека додека тие мизеруваат на листи се ставени луѓе „кои преку ноќ благодарение на четирите свети букви се збогатија“, луѓе кои се осомничени за тешки кривични дела.
„Не ви ја забораваме и тендер коалицијата со терористите и гласањето за амнестија на злосторства против човештвото, за тоа како на терористите им дадовте се, додека бранителите живеат во беда и прогон. Не ви забораваме и многу други работи“, велат од форумот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

