Македонија
Chymoral – за успех при лекување синуситис
Го препорачуваат против отоци предизвикани од операции, скршеници, вадење заби, но и против горнореспираторни инфекции, ринити, синуситиси, и ако се земе предвид дека зад себе има повеќе од 50 години позитивно корисничко искуство, воопшто не изненадува широката поддршка за препаратот Chymoral („химорал“). Во фармацевтската компанија „Галеника“ велат дека кога зборуваат за оригинали, зборуваат токму за Chymoral, чиј квалитет и докажана ефикасност се дел од приказната што почнала уште во 1968 година, кога првпат е пуштен во употреба.
Синуситисот, всушност, претставува воспаление на слузницата на синусите. Овие инфекции се јавуваат најчесто заедно со инфекции на носните простори, односно ринити, и затоа често се користи терминот риносинуситиси. Најчести причинители на синуситисот се: бактерии, вируси, риновируси, респираторни вируси и габични инфекции најчесто кај дијабетичари и луѓе со намален имунитет. Респираторните инфекции и настинки се една од најчестите причина за која пациентите се обраќаат на лекар оваа сезона. При овие состојби организмот се соочува со настанат оток на носната слузница, која ги блокира природните отвори на синусите во носни простори. Тоа доведува до намалување на притисокот во синусите, се јавува болка и создавање течност. Ваквата состојба е поволна за развој на бактерии, а Chymoral помага да се превенира и спречи развојот на оваа фаза.
Chymoral® гастрорезистентните таблети се познати како ефективен третман при отоци и крвни подливи други отоци на мускулите околу устата, вилицата или јазикот. Освен при третман на отоци, „химоралот“ има научно докажано дејство при подобрување нарушен проток на крв и лимфни течности. Широкиот спектар на употреба се должи на неговото антиинфламаторно, антиоксидативно, антиинфективно и муколитичко дејство што го прави и исклучително важен при третман на инфекции на респираторен систем, воспалителни процеси на дишни патишта, густ бронхијален секрет, отежнато искашлување.
Chymoral, освен со своето антиинфективно дејство, директно ги намалува отокот и густината на секретот, со што значително ги олеснува симптомите и справувањето со самата настинка или инфекција и го олеснува искашлувањето. Со тоа значително го намалува времетраењето на болеста.
Препаратот не се издава на рецепт и е достапен во аптеките, каде совет за користење може да побарате од фармацевтот или да се посоветувате со матичниот доктор. Искуствено Chymoral се препорачува и со антибиотска терапија.
Производителот на Chymoral, фармацевтската компанија „Галеника“, на македонскиот пазар има традиција од 77 години успешно работење и грижа за здравјето. Препознатлива по квалитетот на своите производи ужива доверба кај повеќе генерации корисници трудејќи се да одговори на нивните потреби со нови производи, кои вклучуваат лекови на рецепт, OTЦ-производи (лекови без рецепт), козметички производи и додатоци во исхраната, вклучувајќи производи за зајакнување на имунитетот.
„Галеника“ денес е препознатлива како регионален лидер со амбиции да се расте на интернационалните пазари како лидер во фармацевтската индустрија. Насочена да одговори на современите потреби на пазарот и потребите на пациентите и потрошувачите, компанијата инвестира во збогатување на производното портфолио со производи од новата генерација лекови.
Во „Галеника“ остануваат посветени на луѓето и верни на здравјето.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток
Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше формиран кризен штаб, кој е на 24-часовно располагање на граѓаните. Неговата задача е континуирано да ја следи состојбата и да ги координира и систематизира сите постапки поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, а на кои им е потребна помош или асистенција.
„Истовремено, дипломатско-конзуларните претставништва се во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните. Согласно информациите од Амбасадите на Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството во Скопје, тековно се зголемува бројот на наши државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја. Со сите пријавени лица се одржува постојан контакт, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, велат од МВР.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Македонија
Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.
Целта е да се обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при плаќањата без физичко присуство.
Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежните услуги и платните системи. Таа се воведува постепено во земјата и веќе е во примена при извршување онлајн-увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршување плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство.

