Македонија
Credissimo со донација за ЗОО Скопје – обновени информативните таблички за животните
Зоолошката градина во Скопје доби нови информативни и едукативни таблички за животните. Credissimo уште еднаш се покажа како општествено одговорна компанија која континуирано работи во насока на подобрување на условите во заедницата. Со оваа донација, зоолошката доби нови таблички со информации за животните како и таблички со правила на однесувње.

“Зоолошката градина во Скопје е една од најпосетуваните и најатрактивните локации во градот и e наше големо задоволство што сме дел од нејзиното разубавување. Табличките се со информативна содржина и вклучуваат интересни факти и податоци за животните, а покрај тоа што претставуваат забава за најмладите посетители, имаат и едукативен карактер преку кој посетителите без разлика на нивната возраст можат да се едуцираат и да се информираат повеќе за секое животно кое што е дел од ЗОО Скопје.” – изјавија од Credissimo.
“Среќни сме што голем број на компании го препознаваат капацитетот на ЗОО Скопје и што не себично помагаат заедно да ги подобриме условите во зоолошката градина. Едукативните таблички веќе подолго време не беа сменети, па така оваа донација е од големо значење за сите посетители да се запознаат и да научат нешто повеќе за животните кои се дел од ЗОО Скопје.“ – изјави директорот на ЗОО Скопје.

Оваа донација на Credissimo во Зоолошката градина во Скопје не е прва. Во месец јуни минатата година беа донирани средства за уредување на живеалиштето на лавовите, беше обезбедена боја за кречење на повеќе живеалишта што придонесе за подобри услови за животните како и за посетителите на ЗОО Скопје.
Донации од овој вид, со хуманитарен и еколошки карактер преку кои се придонесува за сеопшто добро на граѓаните и на заедницата се помеѓу главните цели на Credissimo како општествено одговорна компанија, која постојано вложува во унапредување на условите во животната средина.
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево, -12 во Пожаране, -11 во Крива Паланка, -10 Ѓуриште, Берово, -9 Тополчани, Битола, Прилеп, Охрид, -8 Виница, Претор, Тетово, Струмица, -7 Скопје-Петровец, -6 Штип, Демир Капија, -5 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Велес, -1 Гевгелија.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 26 сантиметри на Попова Шапка, 15 Крушево, 5 Ѓуриште, 2 Тетово и Берово.
Времето денеска
Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.

