Македонија
Дебатата при крај, ќе се гласа за импичмент на Иванов
Пратениците, во вторник попладне треба да гласаат по Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од опозицијата, откако ќе завршат со дискусија уште девет пријавени пратеници.
Во рамки на 105-та седница, која трае веќе пет дена, пратениците расправаа за одговорноста на Иванов за одлуката за аболиција и за подоцнежното повлекување.Пратениците од СДСМ и ДУИ сметаат дека претседателот мора да сноси одговорност за помилувањето и треба да биде отповикан, додека, пак, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата на опозицијата е несонована.„Претседател на Република Македонија, колку гордо некогаш звучеше. Гордо звучеше и за сите нас неизмерно значеше се до седнувањето на Ѓорге Иванов во претседателската фотелја. Човек кој со својот аматеризам целосно ја деградираше оваа позиција. Човек кој направи повеќе гафови отколку државнички говори. Човек кој направи повеќе глупости отколку официјални посети. Човек кој воопшто не ни заслужува да се ословува како претседател на Република Македонија. Но, за волја на вистината и човек кој со одлуката за аболиција најверојатно, несвесно ја инспирираше Шарената револуција која вчера на дело ја покажа целата своја сила и надмоќ врз режимското сивило на ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорге Иванов ги помилуваше сите оние од врвот на ВМРО-ДПМНЕ кои ги слушнавме од бомбите, во „Вистината за Македонија“ заглавени во криминал до гуша. Еден дел од нив вмешани и во изборен криминал и фалсификат“, рече Стефан Богоев од СДСМ. Порача дека на и треба претседател кој ќе се поздравува, наместо да си намигнува, со кој ќе се гордееме, наместо од него да се срамиме, „на Македонија и треба претседател државник, а не дворски шут на кој му се смее целиот свет“.Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ му рече на Богоев дека бил лошо воспитан и ги идеализирал лидерите на СДСМ.Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ додаде дека пратениците од опозицијата продолжуваат со говорот на омраза, непочитувајќи го кодексот на одговорност.Според Ибрахим Енес од Партијата за движење на Турците, претседателот Иванов со своите „непромислени потези, работи против државата и интересите на турската заедница во Македонија“.Ибрахим јавно го праша Иванов дали се согласува со своите тесни соработници од власта кои се фалеа со тоа што можеле да ги фатат Турците за уши и да ги носат на гласање, притоа нарекувајќи ги цигани. Дали и Иванов е исто така соучесник на оваа фашистичко-шовинистичка реторика која е исфорсирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ? Пратеникот на ТХП Енес Ибрахим потврди дека Турската заедница веќе не се плаши од овие банални нацистички постапки и дека јасно и гласно се борат со овој режим. Но исто така Ибрахим постави уште едно прашања до Иванов: „’дали и Иванов сака да биде исвиркан од Турците како што тоа го доживеа Груевски?”Претходно, собраниската Комисија за оценување на оправданоста за покренување одговорност на претседателот го оцени Предлогот како неоснован. За да помине на пленарна седница Предлогот треба да го поддржат 82 пратеници, а доколку Собранието го изгласа Предлогот за импичмент на претседателот ќе треба да се произнесе и Уставниот суд./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
Македонија
Домашниот притвор за Груби е невиден преседан, вели Максим Димитриевски
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изјави дека одлуката лицe кое подолг период било во бегство да заврши во домашен притвор претставува невиден преседан и, како што рече, ја потврдува нефункционалноста на системот.
„Недозволиво е лице коешто подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и му се изрекува мерка притвор и истото од распитот завршува дома“, изјави Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот Груби.
Тој оцени дека сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани и додаде дека институциите треба целосно да ги разгледаат постапките.
„Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки, и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци, истите да ги санкционира“, рече тој.
Димитриевски нагласи дека е легалист и посочи дека кога бил обвинет, редовно се појавувал на сите судски рочишта.
„Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал беше отсутен од државата повеќе од четиринаесет месеци, се врати и заврши во домашен притвор, што е недозволиво за еден сериозен систем“, додаде градоначалникот.
Во изјавата тој се осврна и на европските интеграции, истакнувајќи дека ако сакаме во Европа и сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата.
Во однос на споредбите меѓу поранешниот функционер Сашо Мијалков и Артан Груби, Димитриевски рече дека Мијалков го коментирал во минатото и нема намера повторно да го прави тоа, но посочи дека и двајцата биле ставени во иста група.
„Денеска го гледаме и господинот Мијалков како слободен граѓанин, но дополнително и господинот Груби којшто дојде да се соочи со правдата, но за жал мене како граѓанин ваквото однесување или ваквата постапка во делот на ставање во куќен притвор не ме задоволува“, изјави Димитриевски, додавајќи дека за исправноста на одлуката треба да се обратат прашањата до надлежните судски власти, бидејќи тие ја водат постапката.

