Македонија
Ден на жалост во чест на загинатите од поплавите, кризна состојба во скопско и тетовско
Владата на Република Македонија на вонредна седница држана во недела вечер донесе одлука за определување на 8 август 2016 година (понеделник) за Ден на жалост на Република Македонија.
Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување на еднократен паричен надомест во висина од 300. 000 денари за семејствата на загинатите граѓани.Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување целокупната опрема на Дирекцијата од сите региони во државата да ја стави на располагање во кризните региони, а препорача на општините кои располагаат со вакум цистерни, истите да ги стават на располагање на град Скопје.Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување веднаш да изврши ангажирање на дополнителна градежна механизација (скипови, багери и камиони) преку склучените договори за користење на градежна механизација од приватните фирми и истите веднаш да бидат пратени и ставени во функција во кризните подрачја.Владата донесе одлука за доделување на нафта за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП Македонија пат, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, а беше заклучено Јавното претпријатие за државни патишта да изврши санирање на обиколницата која беше оштетена во невремето.Во контекст на поефикасно и побрзо проценување на направените штети а со цел формирање на поголем број на комисии за проценка на штетите, Владата ги задолжи државните институции да делегираат лица кои ќе бидат ставени во функција на општинските комисии за проценка на штети. /крај/со/ст
Извор: Влада на РМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта.
Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомибите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител.
A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување.
И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал“.
Исти методи, исти шеми, исти луѓе, додаваат од СДСМ, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.
Крадењето, додаваат од опозициската партија мора да запре.
„За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законо“.
Македонија
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија.
На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти.
„Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на земјите во Европската унија, решителната борба против корупцијата и криминалот и заедничката борба против национализмот, како предуслов за стабилност и развој на целиот регион“.

