Македонија
Дескоска: По повлекувањето на аболициите, треба да следи оставка на Претседателот
Целта на постапката за импичмент за Претседателот Ѓорге Иванов, кој аболираше 56 политичари и нивни соработници, е враќање на принципите на одговорност, правда и еднаквост. Одговорност на ова Собрание е дали ќе го одбрани Уставот од противправните акти преземени од претседателот на Република Македонија или ќе остане нем набљудувач на кршењето на овој акт кој што е донесен од граѓаните, како што пишува во неговата преамбула, рече во објаснувањето за поведената постапка за отповикување на Претседателот, Рената Дескоска, еден од предлагачите од СДСМ.
Според неа, во ситуација кога земјата е во тешка политичка и уставна криза, Горѓе Иванов со своето неуставно, незаконско, неодговорно и арбитрарно однесување, долеа масло на огнот и ја продлабочи кризата. „Тој со дадените аболиции сакаше да ги затвори вратите за правдата, правичноста, еднаквоста и одговорноста во Република Македонија. Всушност тој сакаше да ги затвори вратите за решавање на кризата бидејќи кризата ќе заврши кога во Македонија повторно ќе се воспостави правната држава и правдата“, рече Дескоска.Толкуваше дека со повлекувањето на дадените аболиции Иванов признал дека згрешил. „Призна дека неговите мотиви беа тесно партиски, а не државнички. Призна дека неговото однесување беше крајно неодговорно. Призна дека долеа масло на огнот и ретерираше, но тоа не го амнестира од одговорност“, рече.„Неговото повлекување на аболициите треба да биде проследено со негова оставка. Ова Собрание денес е исправено пред тестот на Уставот, пред тестот на граѓаните, но и пред тестот на историјата, дали ќе го врати принципот на одговорност во Република Македонија“, рече Дескоска.Смета дека Иванов како претседател се ставил во одбрана на најтешкиот криминал.„Во своето обраќање, на 12.04 оваа година, рече дека активностите што ги превзема се со цел да се надмине кризата. Секому му е јасно дека политичка криза која произлегува од криминално вршење на власта, не може да биде решена со помилувања за сторен криминал. Актите на Ѓорге Иванов само ја продлабочија политичката криза и ги направија многу далечни перспективите за враќање на правната држава во Република Македонија“, аргументираше Дескоска.„Ѓорге Иванов со давањето 107 помилувања во еден ден направи општо ослободување од гонење, што е суштинска карактеристика на амнестијата. Со тој упад, во надлежноста на Собранието, тој прекрши одредби од Уставот кои што ја регулираат надлежноста на Собранието и начелото на поделба на власт и начелото на владеење на право“, рече таа.Претседателот на Комисијата која требаше да ја оценува основаноста за покренување на постапката, Зоран Илиевски, соошти дека Комисијта заклучила дека предлогот не е основан.Комисијата е составена од 11 членови, во која мнозинство се пратениците од владејачката партија.„Претседателот во вршењето на своите права, не ги прекршил Уставот и законите. Ние мислиме дека Усавот не е прекршен, оти тој утврдува право на Претседателот да дава помилување“, рече Илиевски од собраниската говорница.Според него, политичката одговорност се ценела на избори а не пред пратениците.„Сметаме како Комисија дека политичка мотивираност има кај предлагачите, бидејќи со оваа постапка вршат директен напад врз инститицуијата Претседател“, рече Илиевски.Седницата, на која пратениците од власта и понатаму ја бранат одлуката на Иванов, додека опозициските пратеници бараат негово појавување во Собранието, продолжува по паузата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

