Контакт

Дијаспора

ОМД повикува на мирни протести и манифестации за одбрана на Уставот

Објавено пред

„Со последниот предлог за промена на името за севкупна употреба вклучувајќи и промена на Уставот, Владата на Република Македонија изврши предавство на нацијата и се обидува сериозно да ја наруши независноста и суверенитетот на државата, ставајќи се во служба на силите кои вршат идентитетски, историски и културен геноцид на македонскиот народ. Со аматеризам и полтронство, без трошка визија, самопочит и без никаква заложба за почитување на основните и универзални вредности за рамноправност, со дигнитет и меѓусебна почит, се прават обиди за уништување на вековниот идеал на Македонецот за сопствена држава создадена врз Крушевскиот Манифест и Асномската Декларација. Со своето полтронство и аматеризам, подпомогнати од невладини активисти со сомнителен кредибилитет, професионализам, етика и морал, финансирани од извори кои спроведуваат национални интереси на туѓи држави, сериозно ги загрозуваат угледот на македонската држава, достоинство и иднина“, се вели во реакцијата на Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), во контекст на исходот од средбите во Њујорк и Брисел и продолжувањето на преговорите за името.

dobivaj vesti na viber

Според ОМД, „во овој момент, сите ние имаме историска одговорност, користејќи ги демократските средства, по мирен и разумен пат, по примерот на Ганди и Мендела и следејќи ги идеалите на Гоце Делчев, да го одбраниме тоа што е наше, за нас и нашите поколенија“. Тие го повикуваме народот на зголемена активност, организирање на мирни протести и јавни манифестации како начин на изразување на несогласност со деструктивните политики во Република Македонија.

„Ги повикуваме македонските медиуми на транспарентност на националното незадоволство наместо лажирање на национален концензус во прилог на актуелните политики. Ги повикуваме интелектуалниот кор во државата да го поттикнат својот народ во одбрана на Уставот. Ги повикуваме македонските економски сили во Република Македонија и дијаспората да се организираат со финаниска поддршка кон одбрана на унитарноста, уставноста и идентитетот на државата. Повикуваме на соработка и формирање на координативно тело помеѓу партиски членови од сите македонски партии кои ќе работат за спречување на референдумско изјаснување, како би се спречило легитимизирање на уставните и идентитетски промени на Македонија.

Ги повикуваме организациите на Македонците во дијаспората на одговорност, активност и организираност со цел да им помогнеме на нашите сонародници во Македонија да го одбранат Уставот и сувереноста на Република Македонија. Притоа, повикуваме на претпазливост и индивидуална одговорност, со напомена дека секоја избрзана некоординирана активност на поголемите организации во дијаспората, брз база на компромис и изразена согласност, базирани на презентирана програма и цел, можат да доведат до несогледлив колапс и разочарување во дијаспората, со непожелни последици за нашите браќа и сестри во Македонија. Вистината, желбата, патриотизмот, разумот, активноста, исклучиво по мирен и демократски пат се единствениот можен излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија, поради што ОМД повикува на здружено делување, затоа што – за сите нас се работи“, се вели во соопштението.

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението

Објавено пред

Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.

dobivaj vesti na viber

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија да се попишат како Македонци

Објавено пред

Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, се вели во соопштението од МНР.

dobivaj vesti na viber

Од македонското МНР велат дека „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“.

Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Северна Македонија и Албанија се земји со исклучителни пријателски односи. Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто

Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата....

Македонија4 часа

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на...

Македонија5 часа

Aхмети му се пожали на бугарскиот амбасадор: Албанците избрани од ВМРО ДПМНЕ се откажаа од Европа

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Бугарија во Скопје, Жељазко...

Македонија5 часа

„Вреди“ подготвува нов закон за правична застапеност, но не само за етничките заединици, туку и за маргинализираните групи

Коалицијата „Вреди“ подготвува закон за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела, најави министерот за здравство,...

Македонија6 часа

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Општина Центар во соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега наместо раст Владата враќа нивни долгови

Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, велат...

Свет8 часа

Американски војник (24) осуден на 14 години за обид да и помогне на Исламска држава

Припадник на американската армија е осуден на 14 години затвор поради обид да и помогне на Исламска држава во извршувањето...

Свет9 часа

Италија, Франција и Шпанија до Израел: Бесни сме

Соединетите Држави и европските земји го повикаа Израел да ја гарантира безбедноста на мировниците на ОН, откако четворица војници на...

Топ1 ден

Уапсен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево, ги оштетувал иконите кај крстот

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го...

Македонија1 ден

(Видео) „ВРЕДИ нема знаење и храброст да направат повеќе за учениците и студентите Албанци“, велат од ДУИ

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција ја презентира „долгата листа на неуспеси на владината коалиција во образовниот сектор“. „Овде...

Топ1 ден

(Фото) Апсење во Скопје: пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Регион1 ден

(Видео) Ураганот Кирк денеска ќе зафати дел од Балканот: направи хаос во Шпанија и Португалија

Дел од Балканот, поточно Бугарија, денеска ќе биде зафатен од ураганот Кирк, кој вчера предизвика хаос во Европа. Ураганот Кирк...

Македонија1 ден

Започнаа увидни дејствија во опожарена зграда во Чаир

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје...

Свет1 ден

(Видео) Воздушните снимки го откриваат вистинскиот размер на катастрофата во Флорида: ураганот Милтон остави пустош

Најмалку 16 лица загинаа кога ураганот Милтон ја погоди Флорида, предизвикувајќи поплави, силни ветрови и торнада, потврдија официјални лица за...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Демир Капија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија1 ден

Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување, велат од Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со...

Европа1 ден

(Фото) Литванија постави „змејски заби“ на границата со Русија

Литванија постави противтенковски бариери познати како „змејски заби“ на мостовите што ја поврзуваат земјата со Русија. Министерството за одбрана соопшти...

Македонија1 ден

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври, Денот на народното востание. „Дозволете ми од мое лично...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 14 загинати во ураганот Милтон, застрашувачки снимки од воздух

Потврдено е дека најмалку 14 луѓе загинале како последица на ураганот Милтон, јавува Ен-би-си Њуз. Од нив, шест лица загинаа...

Свет1 ден

(Видео) Човек кој пловел во Мексиканскиот залив држејќи се за ладилник е спасен

Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за ладилник додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се...