Македонија
ДИК: Извештајот за спорните гласачи во Избирачкиот список станува конечен

Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, станува конечен, соопшти Државната изборна комисија(ДИК).
„Државната изборна комисија заклучи дека во законскиот рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување согласно објавениот јавен повик, не беше поднесено барање од три или повеќе члена на Државната изборна комисија за дополнителна проверка за кое било од лицата кои се пријавиле во текот на увидот“, се вели во соопштението од ДИК.ДИК до четирите најголеми политички партии денеска ќе го достави Извештајот и Заклучокот, како и информацијата за состојбата со Избирачкиот список по завршената постапка за пријавување на граѓаните. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски ќе ги посети повредените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ги посети повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани, по што ќе присуствува на состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство.
Македонија
Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на ДНК, утврдено е дека пиротехничките средства ги донел бендот.
„За жал, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато. Во врска со пиротехничките средства, ќе биде доставен извештај до ЈО, и потоа ќе достави барање до МВР, при што дополнително ќе се утврди дали истите можеле да се користат без сертификат. Констатирани се низа неправилности во рамки на објектот, кој ги напомена јавниот обвинител“, додаде Тошковски.
Според Тошковски, дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство. За цел клуб имало само два противпожарни апарати. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.
Македонија
„Ништо не му беше невозможно“: колешка за возачот на брза помош во Кочани кој починал откако цела вечер превезувал повредени од пожарот

Иле Гочевски, возач на Брза помош од Кочани, почина откако превезувал повредени во пожар во дискотека.
„Прерано не напушти нашиот Иле Гочевски. Пријател кој несебично секогаш го даваше својот максимум. Не знаеше да каже не“, стои во една од објавите посветени на возачот на Брзата помош од Кочани кој почина откако ги превезуваше повредените во пожар во дискотека.
Иле Гочевски почина откако цела ноќ ги превезувал повредените. Неговото срце го изневери од стресот што го доживеа. Неговата колешка објави нивна заедничка фотографија и напиша трогателна посвета.
– Ништо не му беше невозможно – секогаш велеше: „Ќе биде направено, пријателе. Побрзајте – полека“. Што и да напишам, премалку е… Царството Небесно на нашиот ангел – стои во објавата.