Контакт

Македонија

ДИК на терен ќе ги проверува неправилностите во избирачкиот список

Објавено пред

Државната изборна комисија ја заврши вкрстената проверка на податоците и извештајот од проверката ќе го разгледа на седница што ќе се одржи в среда.

dobivaj vesti na viber

Веднаш потоа ќе почнат подготовките за спроведување на теренската проверка.Предмет на оваа проверка ќе бидат и дел од случаите на нерегуларности пријавени од граѓаните. Досега, околу 5.000 граѓани пријавиле проблематични случаи за податоците.Државната изборна комисија одлучи дека мора да почнесо теренската проверка за да се направи увид во фактичката состојба со многу сомнителни адреси и запишување по стотина граѓани во еден стан или куќа, како и пронајдените гласачи на адреси на државни институции, но и на повеќемина партиски функционери.Избирачкиот список е нереално огромен со запишани над 1.800.000 гласачи, а бројот на населението иако нема попис според повеќе статистики изнесува нешто над два милиони.Од неделата на полноќ, ДИК ја укина прјавата на неправилности преку веб апликацијата, затоа што до тој момент имало пристигнато премногу барања и известувања, кои треба да се обработат. Сепак, ја оставија можноста граѓаните преку писмени барања да ги пријавуваат неправилностите, во подрачните канцеларии на ДИК./крај/мф/бб

Македонија

(Видео) Филипче: СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници, кои се почитувани во заедницата

Објавено пред

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати критики до премиерот Христијан Мицкоски и неговите насоки околу тоа, како да работат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатите од тоа, вели Филипче, се катастрофално управување со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Спротивно на ова, нагласи Филипче, СДСМ нуди чесни кандидати за градоначалници кои се почитувани во заедницата.

dobivaj vesti na viber

„Јас го слушам примерот како дава насоки како да работеле градоначалниците и сметам дека тоа е многу погрешно. Сметам дека тоа доведе Скопје да стане страшно валкан и едноставно неубав град за живеење со нивната градоначалничка, Данела Арсовска, од која понатаму во текот на мандатот се обидоа да се дистанцираат, но јасно е дека не им успеаја диловите, па затоа и се скараа. Јас давам гаранција дека сите градоначалници на СДСМ ќе работат чесно и одговорно, со целосна поддршка и гаранција од мене и од партијата“, изјави Филипче.

Истакна дека СДСМ на претстојните локални избори настапува со постојната коалиција, со најдобрите кандидати кои уживаат кредибилитет во своите средини. Тие се подготвени да излезат пред граѓаните со реални и остварливи програми, големи развојни планови за крупните општини и микро-планови за решавање на секојдневните проблеми во помалите средини.

Во однос на вториот изборен круг, тој најави разговори и со партии од албанскиот блок.

Претседателот на СДСМ изрази жалење што власта не успеа да обезбеди мнозинство за измените на Изборниот законик. По одлуката на Уставниот суд со која беа укинати два члена, остана нерегулирано прашањето за независните листи на кандидати, што може да предизвика хаос и да ги загрози независните кандидати.

„ Ние помогнавме, го прифативме предлогот да се намали бројот на потребни потписи за пријавување на кандидатурите од 1% што го укина Уставниот суд, на 0,5%, што мислиме дека е фер и дека добро го регулира тој простор“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека лично ја поддржува волјата на независните и на граѓаните да кандидираат свои кандидати.

„Сметам дека со тоа се зголемува можноста за избор на граѓаните и сметам дека треба да има кандидати. А ние, нормално, ќе се бориме со целиот наш демократски капацитет и со сите демократски инструменти за да ја добиеме довербата на граѓаните“, потенцира Филипче.

Претседателот на СДСМ најави дека СДСМ ќе води позитивна кампања.

„Ние нема да се спуштиме на тоа ниво. Ќе водиме добра, позитивна кампања. Ќе ги промовираме нашите кандидати и нашите добри политики. Ќе бидеме генерално фокусирани на локалните теми, но ќе се задржиме и на дел од централните теми, бидејќи сметаме дека е важно луѓето да знаат за кого гласаат“, истакна Филипче.

Тој потсети дека сите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ од 2024 година останаа неисполнети.

„Ништо од тоа не е реализирано. Требаше да имаме подобри услови за преговори со Европа, но тоа не се случи. Албанија и Црна Гора не претекнаа, додека стандардот во Македонија стагнира. Не смееме да дозволиме повторно да се врати политиката на лажни ветувања,“ рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Зад обвинувањата за дестабилизација Мицкоски го крие неуспехот на сопствените политики

Објавено пред

„Премиерот подолг период наназад тврди дека јас, заедно со други, подготвувам некакви сценарија за дестабилизација и хаос. Тоа апсолутно не е вистина. До сега, ако навистина имало такви намери, ќе се случеше некаква дестабилизација, со оглед на тоа што премиерот постојано не обвинува за тоа“, рече денеска Венко Филипче претсседателот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на партијата.

dobivaj vesti na viber

Филипче тврдењата на премиерот ги оценува како неуспех од водењето на сопствените политики и немањето капацитет да се води државата.

„Причината е јасна, едноставно, тој нема со што да се пофали. Нема ниту еден успех кој може да го презентира, нема никаква добра политика. Сите гледаме што се случува во економијата – постои криза во буквално секој сектор. Евроинтегративниот процес е целосно заглавен, земјата назадува во поделби и меѓунационални тензии, што е исклучиво резултат на политиката што ја води оваа влада. Нема напредок ниту во образованието, ниту во земјоделството. Сите добри мерки и политики практично престанаа. Премиерот нема што друго да направи, освен да се обидува да создава впечаток дека постојат сценарија за дестабилизација“, изјави Филипче.

Притоа тој повтори дека ниту постои сценариот за дестабилизација, ниту размислуваме да постои. Потенцирајќи дека фокусот на партијата е насочена на борба со сите демократски механизми и инструменти против оваа ненародна и антидржавна власт.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што сè ќе го лажат народот?

Објавено пред

„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Скандалозно е тоа што во својата биографија, Тамара Јованов Апасиева наведува дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“. Но официјалните документи кажуваат друго – била само учесник, а не и лектор.

Зошто сопругата на Апасиев имала потреба да лаже во својата биографија, и да си препише работи кои не ги правела?

Дали сопругата на Апасиев намерно пишала дека е лектор, за да земе повеќе средства или, пак, тоа го направила неосновано да ја збогати својата биографија?

Зошто сопругата на Апасиев лаже во својата биографија?

Димитар Апасиев кој се претставува за јак правник, треба да каже дали тоа што неговата сопруга лажела во својата биографија е фалсификат или измама?

Исто така, Димитар Апасиев како политичар, кој се бори за гласови треба да каже што се тој и неговата сопруга лажат, кога лажат за една биографија?

Како може народот да му верува на Апасиев, кој пред камери едно зборува, а зад камери трупал европски пари од СДС во џеб?“, прашува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија1 час

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на Левицата да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ3 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија4 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет4 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија5 часа

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет5 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет6 часа

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет6 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија15 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет19 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет19 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија20 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија20 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија21 час

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија1 ден

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија1 ден

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија1 ден

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ1 ден

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...