Македонија
ДИК: Спорните избирачи ќе се пријавуваат од вторник
Државната изборна комисија (ДИК) од вторник, 26-ти јули, на својата интернет страница ќе ги објави имињата на спорните 39.502 избирачи, кои ќе можат во рок од 25 дена лично или по електронски пат да се јават во Комисијата за да го остварат подоцна своето гласачко право, беше решено во понеделникот попладнето откако членовите на ДИК одржаа работна средба на која ја донесоа конечната одлука за тоа, кога ќе биде објавен списокот со спорните гласачи.
Овие 39.502 гласачи при теренските проверки не беа најдени на домашните адреси, а за нив немаше ни други податоци во институциите. Пријавувањето може да биде електронски, според членовите 48/51 од Изборниот законик, или да се пријават лично во локалните канцеларии на ДИК.
Граѓаните ќе може да се пријават лично, во подрачните единици на ДИК, како и во канцелариите на Управата за водење на матични книги, каде гласачите ќе мора да приложат важечка лична карта или пасош.
Втора опција е пријавување на интернет страницата на ДИК каде поставена е и апликација за електронско пријавување. Тие ќе треба да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош.
Пријавувањето ќе трае до 16-ти август, а ќе може да се врши секој ден во периодот од 8.30 до 19 часот.
Оние кои во предвидениот рок нема да се пријават, ќе бидат избришани од електронскиот список. Списокот со спорни гласачи ќе биде објавен и на страниците на дипломатско конзуларните претставништва за македонските државјани во странство.
Овие рокови зададени од ДИК, следуваат откако партиите потписнички на Договорот од Пржино одлучија за измени во Изборниот законик.
Според партискиот договор, во делот за Избирачкиот список, три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за секое име. Во таков случај, може да се побара личноста да се појави лично, доколку живее во земјата или преку видеоконференција, ако живее во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по истекот на 25-дневниот период./крај/мф/бб.
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

