Македонија
Директни летови од Скопје кон Женева од април
Директни летови од скопскиот аердром „Александар Велики“ до Женева ќе бидат воведени од април, како резултат на растечката потреба за патувања меѓу Македонија и Швајцарија.
Скопскиот аеродром „Александар Велики“, опериран од „ТАВ Македонија“, се подготвува за експанзија на својата мрежа на дестинации со летовите на авиокомпанијата SWISS кон Женева. „Александар Велики“ ќе биде поврзан со Женева во Швајцарија со директни летови во двете насоки од април 2015 година. Покрај Цирих и Базел, Женева ќе биде третата дестинација во оваа европска земја со која скопскиот аеродром има воздушна врска.
„Ја поздравуваме одлуката на Swiss Airlines од април повторно да лета од Женева за Скопје. Ова е добра вест за нашите ценети патници, нашите иселеници во Швајцарија, како и за бизнис-заедницата во двете држави. Со ова се зголемува и туристичката размена“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
Според летниот распоред на скопскиот аеродром, првиот лет од Скопје до Женева е планиран за четврти април 2015 година. Авиокомпанијата SWISS ќе оперира на оваа авиолинија од „Александар Велики“ секоја сабота од 18 часот и 20 минути. Во текот на летната сезона, SWISS ќе ја опслужува оваа релација двапати неделно, во вторник и во сабота.
„Задоволни сме што можеме позитивно да одговориме на растечката потреба за патувања меѓу Македонија и Швајцарија и да лансираме нова услуга од скопскиот аеродром „Александар Велики“ до Женева“, истакна Бернард Водл, директор на SWISS за Австрија и за централна и источна Европа.
„ТАВ Македонија“ за следната година има во план воведување уште нови дестинации, зголемување на фрекфенцијата на постоечките рути, како и подобрување на вкупните услуги кои се нудат на двата аеродроми.
Во однос на новата линија до Женева, како што изјавија од SWISS, авионските билети ќе можат да се резервираат од средината на јануари, на нивната веб-страница swiss.com, како и преку туристичките агенции.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

