Македонија
Договор нема, преговорите продолжуваат во среда
Преговорите меѓу претставниците на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, во вторник не дадоа резултати, но договорено е во среда да продолжат.
По двочасовни преговори во Клубот на пратеници, претставниците на партиите излегоа без изјави, а само американскиот амбасадор Џес Бејли информираше дека преговорите продолжуваат утре.Пред почетокот на преговорите Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека опозициската СДСМ постојано одбива предлози, а неговата партија била конструктивна и секогаш давала предлози за конечно решение.„Се разговара за две работи. Првата е по завршување на изборите да заврши Владата од Пржино и втората, да не може да се прави злоупотреба и масовна партиска чистка во МВР“, изјави Тодоров пред почетокот на преговорите.Радмила Шекеринска од СДСМ, пак, рече дека ВМРО-ДПМНЕ бега од фер и демократски избори и од Договорот од Пржино.„Меѓутоа според она што се случуваше во изминативе два месеца и новите барања коишто беа измислени во последните десетина дена, станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори, бега од Пржинскиот договор, бега од спроведување на сé она што беше ветено и во текот на минатата и во текот на оваа година. Заради тоа им беше потребно да ги менуваат законите коишто се однесуваат на министерот за внатрешни работи и заради тоа им е потребно да ги проблематизираат сите работи коишто беа затворени уште во 2015-та година“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред почетокот на преговорите.Артан Груби од ДУИ смета дека разликите се минимални и можат да се надминат, и очекува конечен договор што е можно поскоро.„Разговорите се одвиваат во конструктивна атмосфера. Разликите се многу минимални и сме блиску до договор. Се надевам дека договор ќе постигнеме денеска или најдоцна утре, а единствената можна дата за избори оваа година е 11 декември“, порача Груби пред да започнат преговорите.Никој не објасни која беше новата интересна идеја која ја најави вчера амбасадорот Џес Бејли, а се преговара за надлежностите на министерот за внатрешни работи, како и за мандатон на Владата задолжена да спроведе фер и демократски избори./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

