Македонија
ДС иницира формирање на Анкетна комисија за Кежаровски
Демократскиот сојуз ќе иницира постапка за формирање на Анкетна комисија во Собранието во врска со новинарот Томислав Кежаровски, против кој се води постапка од мај 2013 година, а сè уште нема конечна одлука.
„Демократскиот сојуз смета дека обвинение засновано на докази обезбедени преку кршење на закони е спротивно на Законот за кривична постапка и врз такви докази не може да опстои обвинение. Против Томислав Кежаровски има обвинение дека објавил податоци за заштитен сведок, за кој се покажа дека тој сведок ниту видел, ниту слушнал, кој го нарачал, ниту кој го извршил убиството во село Ореше, Велес.Се работи за класичен „крунски сведок“ кој бил мотивиран-присилен на соработка со Судот, што е спротивно на Законот за заштита на сведоци и Законот за кривична постапка“ реагираат од Демократскиот сојуз, партија која е дел од владејачката коалиција.Поради ова, Демократскиот сојуз бара да се формира Анкетна Комисија која ќе ја разгледа улогата на сите инволвирани во тој случај и ќе предложи постапка за утврдување на одговорноста.„ДС докрај ќе се залага за владеење на правото и целосно ќе ја подржува независноста на судскиот систем, но секогаш кога ќе процени дека има кршење на законите на штета на основните човекови права и слободи ќе реагира и ќе бара одговорност.Веќе има пракса Собранието да формира вакви комисии (случајот во Сопот кога со подметната мина беа убиени двајца припадници на НАТО и еден македонски државјанин)“ додаваат од партијата./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

