Македонија
Еден приведен, а пет полицајци повредени

Најмалку петмина полицaјци се повредени, а еден демонстрант е приведен, по протестите во четврток, што се одржаа во Скопје, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и нивни соработници.
Демонстрантите се судрија со полицијата кај полициската станица „Беко“, во центарот на градот, а потоа продолжија пред Собрание, каде се оддржаа говори на активисти каде уште еднаш беа повторени барањата за отовикување на одлуката на Иванов за аболиција на политичарите и негова оставка, одлагање на изборите, и формирање техничка влада која ќе спроведе реформи и подготовка на државата за фер и кредибилни избори. Демонстрантите тргнаа кон зградата на владејачката партија, но беа спречени од полицискиот кордон, а дел од нив фрлаа со јајца, чадни бомби и боја.Протестот е огранизиран од 85 граѓански здруженија и започна во 18 часот пред Собранието.Организаторите, во своите обраќања повикаа на мирен протест и се оградија од одговорност за постапките на поединци. Протетстот траеше повеќе од четири часа.Од вкупно 13 приведени од завчерашниот протест, двајца заработија кривични пријави, а останатите 11 се пуштени со прекршочна пријава.За денеска се најавени протести во исто време и тоа со поголем интензитет, поддржани и од опозициските партии, поради најавентата одлука на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да ги распише предвремените парламентарни избори на 5 јуни./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.