Македонија
ЕФЈ: Потребни се итни медиумски реформи во Македонија пред избори
Европската федерација на новинари (EFJ), која претставува над 300 илјади новинари од цела Европа, меѓу кои и членки во Македонија, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Синдикатот на македонските новинари и медиумски работници (ССНМ), е во сериозна постојана загриженост за состојбата со слободата на медиумите во Македонија, се вели во писмото на ЕФЈ, адресирано во еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан.
„Како што знаете, од 2015 година, Македонија се наоѓа во длабока политичка криза откако опозицијата го бојкотираше Парламентот и го објави скандалот со прислушувањето. Опозицијата во следните месеци обелодини серија телефонски разговори главно меѓу високи претставници на Владата, кои индицираат сериозни незаконски активности, злоупотреба на службената должност и корупција. Како дел од овој скандал како што тврдеше опозицијата е и тоа дека повеќе од 100 новинари биле нелегално прислушувани од државната тајна служба“, велат од ЕФЈ.
„Во јуни 2015 година, главните политички партии кои ја претставуваат владејачката коалиција и опозицијата под силно посредување од Вас (ЕУ), Европскиот парламент и САД, потпишаа договор за надминување на политичката криза во земјата. Главниот заклучок на овој договор беше дека треба да се организираат слободни предвремени парламентарни избори и да се преземат итни реформски мерки за што сите страни се согласија. Еден од итните приоритети од Договорот е реформата на медиумите и слободата на изразување во Македонија со цел да има слободни и кредибилни избори, како апсолутен предуслов за демократски избор“, се вели во писмото на Европската федерација на новинари.
„Заедно со нашите локални членки, ние сме сериозно загрижени дека ЕУ не е целосно конзистентна во своите изјави за реформите на медиумите. Од оваа недела, ЕУ престана да инсистира дека е потребно да се случат реформи за медиумите пред изборите кои се презакажани на 5-ти јуни. Ние сме убедени дека ако не го искористиме овој момент за спроведување на медиумските реформи, кога сите потписници се на преговарачка маса, ќе пропуштиме одлична можност да имаме сериозни промени кои сите ние ги чекаме толку долго, а се од клучно значење за Македонија и во регионот. Тешко е да се има фер избори кога главните медиумите се под директно влијание на владата“, потенцираат од ЕФЈ.
„Ве повикуваме вас, драг комесаре, да извршите притисок врз владата дека реформите во медиумите во Македонија треба да се случат пред изборите, како што е наведено во „Договорот на Пржино”. Ова е единствениот начин да се ослободат медиумите од политичкото влијание на владата како предуслов за професионално известување за претстојните избори“, заклучуваат од ЕФЈ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

